8 години сеќавање низ 8 најубави мисли и цитати на Тоше Проески

Цели 8 години како се сеќаваме на неговата човечност, несебичност, скромност... За симболично да го одбележиме овој ден, 16-ти октомври, време е да се потсетиме на мал дел од неговите мисли преточени во цитати.

8-godini-sekavanje-niz-8-najubavi-misli-i-citati-na-tose-proeski-01.jpg

1. „Мене ми е незамисливо дека некој кој може да им помогне на оние кои имаат малку или немаат ништо, ги затвора очите и не им подава рака.“

2. „Ѕвездите не постојат, освен оние на небото. Јас само си ја работам својата работа, а тоа што сум популарен само ме прави успешен.“

3. „Не сакам кога целта го оправдува средството, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта, како во војната, сè е дозволено.“

4. „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене.“

8-godini-sekavanje-niz-8-najubavi-misli-i-citati-na-tose-proeski-02.jpg

5. „Секоја, ама баш секоја жена заслужува да во очите на барем еден маж, во еден момент, во една секунда, па макар тоа да биде и само еднаш во животот, да се почувствува дека е најпосакуваната жена на овој свет “

6. „Верувам во Бога и единствено него можам да му се заблагодарам за дарот кој го имам, затоа што ова што го правам го сметам за мисија која Тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета.“

7. „Предупредување за младите: Бидете силни во секој поглед! Најголемата борба е борбата со самиот себе. Издржете и ставете го на испит својот карактер. Не попуштајте пред ништо.“

8. „Никогаш не би се откажал од пријателите, би бил секогаш до нив, и во добро и во зло. Во добро за да се радувам на успехот, а во зло за да помогнам.“

Би можело да ве интересира:

Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Го натера чичкото на Елизабета да се откаже од тронот, наводно била нацистички шпион: Скандалите на ... Поради абортус не можела да има деца, ги изневерувала тројцата  сопрузи и н...
Факти за Бенхамин Рохас: Беше во врска со Марица од „Млади бунтовници“, сакал да биде рагбист Низ годините, актерот имал неколку врски. Додека се емитуваше серијата Млади бун...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg