Најмудрите женски изјави на сите времиња: Никој не може да ве натера да се чувствувате инфериорно
Жените се нешто совршено. Без нив не би постоел светот. Без жена денот ќе ти биде здодевен, ноќта уште повеќе. Затоа, восхитувајте им се на жените. Тие се моќни, убави и паметни.
Еве ги најпаметните женски изјави низ историјата...
- Вицевите за глупави русокоси воопшто не ме навредуваат - добро знам дека не сум глупава...а знам и дека не сум русокоса. - Доли Партон
- Позади секој успешен маж стои зачудена жена. - Марион Пирсон
- Сè уште не сум чула изјава од маж да бара совет како да ги усклади бракот и кариерата. - Глорија Стејнем
- Јас сум одлична домаќинка. После секој развод си ја задржувам куќата.- За За Габор
- Бесмислено е да очекувате исполнување на ветување кое го дал некој кој е заљубен, пијан или за време на изборна кампања. - Ширли МекЛејн
- Ќе видите многу паметни мажи со глупави жени, но речиси никогаш паметна жена со глупав маж. - Ерика Јонг
- Ме прашувате за разлика помеѓу грди жени и убавици? Грдите секогаш ги познаваат мажите подобро. - Кетрин Хепберн
- Зошто прекинавме? Тој сакаше да се ожени, а јас бев против неговиот брак. - Рита Руднер
- Жените се жалат на ПМС, но јас мислам дека тоа е единствено време кога можам да бидам она што навистина сум. - Розен Бар
- Можете ли да го замислите светот без мажи? Нема криминал, а насекаде среќни дебели жени. - Никол Холандер
- Некои жени еднакво пристапуваат на плетењето и на проблемите. Седат со часови и прегледуваат ситни детали. - Елен Глазгов
- Мажите не се непријатели, тие се жртви покрај нас. Прав непријател е оцрнувањето кое го прават жените за да си го исполнат времето. - Бети Фридан
- Никој не може да ве натера да се чувствувате инфериорно. - Еленор Рузвелт
- Во светот не постои ништо посилно од нежноста. - Хан Сујин