15 мудри мисли од Лао Це
Лао Це е една од најважните фигури на кинеската филозофија чие почесно име е „Стариот мајстор“ благодарение на неговите мудрости кои може да ги применува секој и да се води по нив. Откријте зошто останале запаметени овие изреки и цитати и по толку поминато време.
Ова се најубавите цитати од Лао Це:
1. Она што тешко можете да го остварите бара месеци, а понекогаш и години. Она што е невозможно бара малку повеќе од тоа.
2. Ако човекот е расположен, болестите го избегнуваат.
3. Човекот е слободен онолку колку што е мудар, подложен на судбината колку што е и неговото незнаење.
4. Најголемата добрина наликува на вода, помага секому и тивко тече на оние места кои се омразени меѓу луѓето.
5. Само „еве ти“ вреди повеќе од илјада „Бог нека ти помогне“.
6. Што повеќе даваш, тоа повеќе имаш.
7. Нема човек кој не би сакал да биде добар, онака како што нема река која не би течела низ надолнина.
8. Три години прави добри дела и ретко кој ќе ги забележи, еднаш направи некоја грешка и ќе знае целиот град.
9. Кога човекот е полн со љубов, тој нема страв.
10. Во жените бараме квалитети, а во љубовниците убавина.
11. Внимавајте на мислите, бидејќи тие се почеток на постапките.
12. Да ги познавате другите е мудрост, а да се познавате себеси тоа е врвна мудрост.
13. Сите несреќи и нереди во светото потекнуваат од недостатокот на меѓусебна љубов.
14. Алчниот човек секогаш има две маки: Како да добие пари и како да ги потроши.
15. Кој го сака слаткото, мора да го издржи и горкото.