Што поголем разум, тоа пократок јазик: Дански народни мудрости

Данска се наоѓа на северот на Европа, а својата длабока традиција ја има поставено многу одамна со руните, дел од келтската митологија, бајките на Ханс Кристијан Андерсен, а и Шекспир ја има сместено во оваа земја една од своите  најпознати драми Хамлет.

shto-pogolem-razum-toa-pokratok-jazik-danski-narodni-mudrosti-01.png

Данците покрај тоа се познати и по своите поговорки, а ова се некои од наинтересните:

1. Поголема благодарност заслужува оној кој на човекот му помага да не падне, одошто оној кој го подига.

2. Времето на секому му е подеднакво долго, но не и подеднакво корисно.

3. Зависта е црв кој го јаде само дрвото во кое живее.

4. Кога лажењето би било уметност, светот би бил преполн со уметници.

5. Кога среќата ти дава прст, ти на неа пружи и цела рака.

6. Каењето е добро, но невиноста е уште подобра.

7. Кога на свињата и давате помија секогаш кога е гладна и бебето кое плаче постојано го лулате, ќе добиете дебела свиња и размазено дете.

8. Кој многу мисли, малку зборува.

9. Кој нејке евтино да купи добар совет, мора скапо да го плати.

10. Љубовта и смртта не можат никако да се избегнат.

11. Малите грижи зборуваат, а големите молчат.

12. Малото дрво дава повеќе чад наместо пламен.

13. Многу луѓе се како часовници: покажуваат едно време, а отчукуваат друго.

14. Мудороста без пракса е како оган без топлина.

15. Најоопасна рана е онаа која однатре крвари.

16. Не постои среќа која нема непријатели.

17. Не земај сè, ни секогаш, ни од било кого.

18. Парите несакаат мирно да седат, тие сакаат да рушат, градат и војуваат.

19. Смртта самата по себе не е толку страшна колку што животот ја прави да биде.

20. Направи му добро да човекот, па моли се Бога да не ти врати.

21. Што поголем разум, тоа пократок јазик.

22. Што се премолчува – може да се каже, што се кажува – не може да се премолчи.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg