Работи кои не сте ги знаеле за Коко Шанел
Знаевте ли дека дел од цитатите кои ѝ се препишуваат на Коко Шанел, всушност таа не ги кажала?
Коко Шанел денес спаѓа во најлуксузните брендови од топ класата. Но, имало и такво време кога екстравагантноста на Коко не била прифатена.
Коко научила најголем дел од техниките за шиење од чесната сестра во манастирот каде го поминала своето детство. Сите научени техники потоа ги преточила во успешен бизнис.
Откако го напуштила манастирот, започнала самостојно да се издржува себеси. Па, за да заработува пеела во познатиот бар La Rotunde. И песната „Who has seen Coco in the Trocadero?” која ја пеела таму ѝ го дала прекарот Коко. А нејзиното вистинско име е Габриел.
Токму во тој бар ја започнува својата љубовна афера со еден од најголемите германски шпиони. Се верува дека и самата Коко била една од нив, па поради тоа во 1939 е приморана да го затвори својот бутик, за по завршувањето на војната триумфално да ѝ се врати на модата.
Целата нејзина кариера е продукт на нејзиниот брилијантен ум и посветеност. Таа кажала многу мудри мисли за модата, жената и воопшто за животот. Но, дали знаевте дека цитатот како што е „Жената треба да стави парфем онаму каде што сака да добие бакнеж“ – не е нејзин цитат.
Во продолжение цитати, за кои ве оставаме самите да пресудите дали се нејзини или не:
1. Секоја девојка мора секогаш да знае две работи: Кого и што сака.
2. Колку е девојката полоша, толку подобро би требало да изгледа.
3. Парфемот на жената кажува повеќе отколку нејзиниот потпис.
4. Немојте да се мажите за човек со паричник за ситни пари.
5. Ако сакате да го имате она што никогаш не сте го имале, мора да работите како никогаш до сега што не сте работеле.
6. Не постојат грди жени, постојат само мрзливи.
7. Жената која не користи никаква козметика има превисоко мислење за себе.