Цитати за убавината: Младоста е среќна, бидејќи способна е да ја види убавината
Убавината отсекогаш била главна инспирација и муза на многубројни автори кои тежнееле да откријат во што се состои нејзината есенцијална тајна. Некои ја поврзуваат со физиономијата, а други се во потрага по длабочината на човековата душа.
Ова се некои од најубавите цитати посветени на убавината:
1. „На светот нема грди жени. Постојат жени кои не знаат ниту со малку труд да бидат убави“ – Кристијан Диор
2. „Идеалната убавина за жабата е: жаба“ – Волтер
3. „Убавината е нешто животинско, ако не е придружена со умот“ – Демокрит
4. „Убавите мисли и убавите жени не траат долго“ – Чарлс Буковски
5. „Убавината без присуство на сетило е исто што и јадицата без мамка“ – Алберт Ками
6. „Покрај убавината секогаш постои или мракот на човечката судбина или сјајот на човечката крв“ – Иво Андриќ
7. „Грдоста има предност над убавината во тоа што убавината е минлива, а грдоста останува“ – Оноре де Балзак
8. „Младоста е среќна, бидејќи способна е да ја види убавината, а секој кој може да ја види убавината не старее“ – Франц Кафка
9. „Убаво е она што е складно“ – Аристотел
10. „Убавината на жената не е во нејзиното лице, туку во рефлексијата од нејзината убава душа“ – Одри Хепберн