За љубовта, животот, среќата: 15 цитати во кои сите ќе се пронајдат

Спој од мудри зборови, споделени искуства и лекции кои веќе сигурно сте ги почувствувале на ваша кожа.

za-ljubovta-zivotot-srekata-15-citati-vo-koi-site-ke-se-pronajdat-01.jpeg

Без оглед на годините или животната ситуација, нема човек кој не ужива во мислите на големите умови.

Овие 15 се токму такви - искрени, едноставни и вредат цело богатство.

1. Прифати само љубовник кој во тебе ќе гледа како да си магија. - Фрида Кало

2. Ако некогаш посакаш душата да ти танцува во облаците, во одреден дел од танцувањето ќе мора да претрпиш молњи и да го вкусиш невремето. - Кристофер Поиндекстер

3. Не си фрлен во оган, не се плаши. Ти си оганот! - Мама Индиго

4. Цени го моментот кога за прв пат бакнуваш. Може да биде моментот кога за последен пат срцето ќе биде твое. - Роберт М. Дрејк

5. Престани да садиш цвеќиња во туѓите градини, кога знаеш дека нема да ги наводнуваат.

6. Понекогаш, најсветлата точка во животот е мостот кој гори. - Дон Хенли

7. На крајот, мораш да бидеш сам свој херој затоа што сите се премногу зафатени спасувајќи се себеси. - Ц.Т.

8. Зборовите се бесплатни. Начинот на кој ги користите може да ве чини цело богатство.

za-ljubovta-zivotot-srekata-15-citati-vo-koi-site-ke-se-pronajdat-2.jpg

9. Потсети се дека само една минијатурна капка може да го преплави океанот. Продолжи да чекаш. Да посакуваш. Да правиш. - Викторија Ериксон

10. Тишината е прекрасна, не чудна. Човечката тенденција да се плаши од нешто убаво е чудна. - Елиот Кај

11. Понекогаш, малите нешта се оние кои нè спасуваат - времето кое бавно одминува, детска насмевка и шолја совршено кафе. - Џонатан Керол

12. Садете ги своите градини и декорирајте ја сопствената душа, наместо да чекате некој да ви донесе букет цвеќиња. - Хорхе Луис Борхес

13. Спомените не секогаш омекнуваат со тек на време. Понекогаш пуштаат работи остри како нож. - Барбара Кингсолвер

14. Животот е краток. Нема доволно време за да ги оставате важните зборови недокажани.

15. Дури и црната тишина има лекција за раскажување. Само слушај. Внимателно. - Жаклин Вудсон

za-ljubovta-zivotot-srekata-15-citati-vo-koi-site-ke-se-pronajdat-3.jpg

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg