10 Мудри совети за жените во 30-тите
Секое животно доба со себе носи ново искуство заради кое стануваме сѐ помудри и позрели.
Ако сте на прагот на 30-тите или веќе сте навлезени во овие години, тогаш прочитајте ги овие мудри совети кои треба да бидат ваш водич:
1. Без разлика колку добра била забавата, направете сѐ што треба за да се разбудите во вашиот кревет.
2. Помеѓу парчето торта и бисквитот, направете го вистинскиот избор и напијте се чаша вода.
3. Ако поминал полноќ, а вие треба да ја измиете косата, да се депилирате или лакирате - секогаш одберете го спиењето. Влакненцата на нозете можете да ги прикриете, на главата да ставите шешир или марама, а ноктите средете си ги пред излегување од дома. Најважен е сонот, бидејќи со ништо нема да можете да го прикриете уморното лице и лошото расположение.
4. Патувајте! Искористете ја секоја можна прилика за стекнување нови искуства.
5. Пред да проценувате некоја ситуација, секогаш запрашајте се: „Дали е ова моја работа?”.
6. Трошењето на време на напорен човек има смисла само доколку вие сте доктор, а тој е ваш пациент.
7. Помеѓу бурна романса и заработување на пари, направете го изборот во корист на второто.
8. Во кавга не се раѓа вистината, туку главоболката.
9. Неколку денови во самотија делуваат подобро од најскапиот спа центар.
10. Ниеден маж не вреди толку многу за да мора да ги носите најнеудобните штикли. Бидете свои.