Тајните принципи на Шаолин: Не мислете многу. Размислувањето троши многу енергија
Иако источните земји најчесто се поврзуваат само со Кунг Фу, Таи Чи или Чи Гонг боречките вештини, монасите Шаолин знаат многу повеќе за животот. Живеат подолго и поздраво. Повитални се и посмирени, а нивното учење е спој на будизмот и таоизмот.
Тие веруваат во еден пат за секој од нас, веруваат дека секој во себе носи вистина до која мора сам да дојде со помош на боречки вештини и медитација.
Шаолин вештините не можат да ја направат реалноста подобра и поубава, бидејќи таа зависи само од тоа како секој од нас се гледа себе и својот однос со светот.
Принципите на оваа филозофија може да се применат каде и да живеете и со што и да се занимавате.
Ова се само 9 од нив:
- Не мислете многу. Размислувањето троши многу енергија. Од премногу мислење остарувате.
- Не зборувајте многу. Повеќето луѓе или зборуваат или работат. Подобро работете.
- Кога работите, работете 40 минути, па направете пауза од 10 минути. Кога подолг период гледате во нешто, што било, го нарушувате видот и внатрешните органи како и внатрешниот мир.
- Кога сте среќни, контролирајте го чувството. Кога ќе ја изгубите контролата ја уништувате енергијата во белите дробови.
- Не се грижете премногу и не се лутете, бидејќи така ја расипувате енергијата во црниот дроб и цревата.
- Кога јадете, не јадете премногу. Кога се прејадувате ја нарушувате работата на слезината. Јадете малку кога ќе почувствувате малку глад.
- Кога нешто правите, не брзајте. Одете полека и побрзо ќе стигнете.
- Ако се занимавате само со физичка активност и не правите вежби за дишење, ќе станете многу нетрпеливи и нервозни. Ќе го изгубите балансот на своето тело.
- Ако не се занимавате со физичка активност, само се одморате или медитирате, повторно ќе го изгубите балансот.
Шаолин Кунг Фу ви дава сè. Суштината на тренингот е да се направи баланс помеѓу Јин и Јанг. Не е важно колку часа вежбате. На телото треба да му го дадете она што му е потребно.