Најубавите цитати на Маја Анџелоу: Бидете виножитото во нечии облаци
Таа е жена-борец во вистинска смисла, која ги рашири своите крилја за да го прегрне светот и животот со сè што има во него. За секоја неправедност имаше утеха, за секој пораз – надеж, за секој човек – разбирање.
Се обиде да се покаже во секој сегмент од она што можеше да го направи.
Авторка на седум автобиографии, писателка на мемоари, поеми, музичар, глумица и една од најголемите поборници за еднаквоста и човековите права.
Маја Анџелоу почина на 86-годишна возраст, но остави мудрости кои ќе живеат уште многу долго.
Ова се некои од нив:
1. Обидете се да бидете виножитото во нечии облаци.
2. Мојата мисија за животот не е само да преживеам, туку да созреам, а сето тоа да го правам со малку страст, малку хумор и малку стил.
3. Научив дека луѓето ќе заборават што сте им кажале или што сте им направиле, но никогаш нема да заборават како сте направиле да се почувствуваат.
4. Ако нешто не ви се допаѓа, обидете се да го смените. Ако не можете да го смените нештото, тогаш променете го вашето сфаќање.
5. Љубовта не препознава граници и пречки. Таа прескокнува огради, минува низ ѕидови, само за да стигне до местото полно со надеж.
6. Мудрата жена посакува никому да не биде непријател, но одбива да биде некому жртва.
7. Ти си сè што некогаш си видел, си слушнал, си изел, си помирисал, си кажал или си заборавил. Сè влијае на сите нас и поради тоа јас се трудам да бидам сигурна дека моите доживувања се позитивни.
8. Мојата најголема надеж е дека ќе можам да се смеам колку што плачам, дека ќе си ја завршам својата работа и дека ќе се обидам да сакам некого и да имам храброст да ја прифатам неговата љубов.
9. Можеби не можете да ги контролирате сити ситуации кои ви се случуваат, но може да одлучите да не бидете отфрлени од нив.
10. Ништо нема да успее, ако вие не се потрудите.
11. Нема поголема агонија од таа да оставите некоја приказна неискажана во себе.
12. Кога некој ќе сака да ви се претстави каков е, верувајте му на првиот впечаток.
13. Се воодушевуваме на убавината на пеперутките, но забораваме да помислиме на процесот низ кој поминуваат за да станат такви.
14. Храброста е најважна карактеристика од сите, бидејќи ако немате храброст, ништо друго не можете да направите.
15. Вистински исполнети може да бидете од нешто што го сакате. Нека не ви бидат парите цел. Наместо тоа, правете ги работите што ги сакате и правете ги толку добро, што никој нема да може да ги оттргне очите од вас.
16. Срцето на жената треба да биде толку многу скриено во Бог, што мажот ќе треба да го бара Него, само за да ја најде неа.
17. Никогаш не дозволувајте некој да ви биде приоритет, ако вие сте му само опција.
18. Побарајте го она што го сакате и бидете подготвени за да го добиете.
19. И сами на себе сте си доволни, затоа што никому не треба да докажувате ништо.
20. Без разлика што се случува и колку лошо ви излегува, животот продолжува понатаму и утре ќе биде подобро.