10 Насоки од Пауло Коелјо за остварување на соништата

Пауло Коелјо е еден од најчитаните и најцитираните писатели во светот, а неговите книги се голема инспирација за многу луѓе...

10-nasoki-za-ostvaruvanje-na-sonistata-od-paulo-koeljo-1

Пауло неодамна на својот блог објави неколку важни насоки, со чија помош ќе успеете да ја одржувате среќата во вашиот живот и да ги исполните долго посакуваните желби.

10 насоки по кои вреди да се живее:

1. Одвојте се од сѐ и ќе бидете слободни

„Кога немав што да изгубам, тогаш имав сѐ.”


2. 
Сите сме овде со некоја причина

„Без разлика што и да прави човекот на Земјата, тој игра водечка улога во историјата. Секој има креативен потенцијал и од мигот кога ќе почне истиот да го изразува, светот ќе започне да се менува.”


3. 
Единственото нешто што стои помеѓу вас и вашите соништа е стравот

„Не се предавајте на стравовите. Ако тоа го направите, ќе ја изгубите врската со вашето срце. Само стравот од неуспех може да ве спречи во остварување на соништата.”


4. 
Грешките се дел од животот

„Дури и ако имате претчувство дека ќе донесете погрешна одлука, сепак сторете го тоа. Грешките и погрешните одлуки се исто така дел од животот.”


5. Секое искуство, добро или лошо, носи своја поука

„Постојат мигови кога во нашиот живот влегуваат неволји и тука не можеме ништо да направиме. Но, тие се тука со некоја причина, а тоа го сфаќаме откако ќе ги преболиме.”


6. Не барајте љубов надвор од себе

„Љубовта не може да се најде во никој друг, туку единствено во себе. Едноставно, треба да ја пробудиме љубовта во нас, а за да тоа го направиме потребна ни е таа друга личност.”


7. Кога вие се менувате, целиот свет се менува со вас

„Кога се трудиме да бидеме подобри, целиот свет станува подобар.”


8. Гледајте си ја својата работа

„Сите имаат мислење за тоа каков би требало да биде туѓиот живот, а не знаат за својот.”


9. Кога некој си заминува, тоа значи дека некој друг само што не пристигнал

„Никој никого не губи, бидејќи никој никого не поседува. Тоа е слобода: кога ја имате најпрекрасната работа на светот, но не ја поседувате.”


10. Секој ден носи ново чудо

„Ако на секој ден гледате исто, тоа може да ве заслепи. Секој ден е поинаков, секој носи некое чудо. Само треба да ги отворите очите и да обрнете внимание на тоа чудо. ”

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg