Најубавите цитати за животот собрани на едно место

Постојат многу цитати за животот кои водушевуваат со својата скриена порака и поука. Ако ви е потребна мотивација, утеха или насмевка, само продолжете да читате..

najubavite-citati-za-zivotot-sobrani-na-edno-mesto-01.jpg

Ова се најубавите од нив кои имаат нешто да ви кажат, заедно собрани на едно место кое доколку го посетите, ќе пронајдете мудрост.

- Не спијат сите на кои очите им се затворени, ниту пак гледаат се сите на кои очите им се отворени.

- Би било убаво кога младоста би знаела сè што може и староста да знае.

- Најголемата иронија во животот е кога си заљубен во вистинска личност во погрешен момент.

- Можеби не се сите добри луѓе, но во секој има нешто добро во себе. Не заборавај дека и светецот има минато, исто како што и грешникот има иднина.

- Човек не може да го разбере тоа што не почувствувал или доживеал на своја кожа.

- Ако ги измениме нашите мисли, светот околу нас самиот ќе се смени.

- Интелигентните луѓе секогаш се полни со сомнежи, додека глупавите секогаш имаат голема самодоверба.

- Човекот никогаш не се сопнува од карпи, туку од мали камчиња, затоа секогаш наведнувајте ја главата, колку да видите што има на патот.

- Читајте меѓу редови, таму секогаш најмногу пишува.

najubavite-citati-za-zivotot-sobrani-na-edno-mesto-02.jpg

- Денес е денот кога треба да им простиш на сите, не бидејќи заслужуваат, бидејќи ти заслужуваш!

- Извинувањето не е понижување или грешка, туку знак дека вашата љубов кон некого е поголема од вашата гордост.

- Многу луѓе ја губат малата радост која им ги полни срцата, надевајќи се на голема среќа.

- Човечката злоба секогаш доаѓа како резултат на немоќ или слабост, запомнете го тоа.

- Колку што стануваш попаметен, толку повеќе молчиш.

- Многу од луѓето денес го постигнуваат она што го сакале, но губат сè останато.

- Малку се луѓето кои чувствуваат со срцето.

- Оној кој прв се извинува е најхрабар, оној кој прв простува е најсилен, а оној кој прв заборава е најсреќен.

- Да го држите гневот во себе е исто како да се напиете отров и да чекате некој друг да се отруе.

- Лудо е да сакаш некој што те повредува, но уште полудо е да мислиш дека тој што те повредува те сака.

- Никогаш не кажувај сè што знаеш, но секогаш биди сигурен во она што го кажуваш.

- Ден без книга и насмевка е изгубен ден, а живот со изгубени денови не е живот.

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg