Факти за леваците: Живеат 9 години пократко од деснаците, а се надарени за тенис и бокс
Ако сте леваци, наместо да се чувствувате чудно, убедете се дека сте дел од елитен клуб во кој членуваат и Леонардо да Винчи, Цезар, Ганди, Моцарт...
Се смета дека околу 10% од светската популација се леваци, но се претпоставува дека овој процент би бил поголем ако родителите не ги форсираат децата да ја користат десната рака.
Интересно е што леваците се далеку покреативни од деснаците, но се склони кон проблеми со алкохолот.
Ова се уште неколку факти кои сигурно не ги знаевте за луѓето кои почесто ја користат левата рака:
- Помеѓу леваците поголем дел се жени, отколку мажи.
- Најпознати леваци се Наполеон, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Алберт Ајнштајн, Исак Њутн, Бил Гејтс, Опра Винфри...
- Шизофреничари се 10% од луѓето во светот, а 40% од нив пак се леваци.
- Меѓународниот ден на леваци се слави на 13 август, а традицијата започнала во 1996 година.
- Секоја година 2.500 леваци ги губат животите заради користење на машини кои се прилагодени за деснаци.
- Истражувањата утврдиле дека повеќе леваци отколку деснаци имаат коефициент на интелигенција над 140.
- Прерано родените бебиња почесто се леваци, отколку деснаци.
- Леваците се понеодлучни и поплашливи од деснаците, потврдуваат истражувањата.
- Покреативни се и подобро се снаоѓаат во уметноста за разлика од деснаците.
- Имаат 3 пати поголем ризик за алкохолизам.
- Леваците во пубертет влегуваат 4-5 месеци порано од деснаците.
- Леваците многу почесто патат од алергии, астма и епилепсија.
- Тие побрзо заздравуваат после срцев удар за разлика од деснаците.
- Подобри се во тенис и бокс.
- Многу подобро се снаоѓаат во мултитаскинг за разлика од деснаците.