Послушајте ги советите на најбогатиот Кинез

Џек Ма е најбогатиот Кинез и еден од најголемите милијардери на светот, основач на Alibaba Grupe Jack Ma.

poslusajte-gi-sovetite-na-najbogatiot-kinez-01

Во време кога сте обесхрабрени или разочарани, неодлучни или исплашени од професионалниот или финансиски успех, послушајте некој од неговите совети:

1. Можностите барајте ги надалеку и нашироко, размислете ги сите можности, а во потрагата за потенцијална прилика ѕирнете под секој камен и во секое ќоше.

2. Третирајте ја секоја прилика како отворена врата, ниедна шанса не е премала.

3. Побарајте разбирање не само за моменталната позиција, туку и за онаа која ја посакувате. Размислете добро што правите и што треба да преземете за да дојдете до она место кое го посакувате.

4. Делувајте брзо кога ќе имате шанса.

5. Гледајте надвор од вашата околина. Храброста е поважна за успехот од примерите околу вас.

6. Канализирајте ги амбициите, насочете се кон својата цел и одете кон неа.

7. Бидете дрски.

8. Искористите ги приликите во младоста.

9. Обединете го тимот на патот до заедничката цел и искористете ја нивната моќ.

10. Бидете заменливи. Идеите, вештините и пристапот во кои верувате, негувајте ги и кај личностите на кои им верувате. Кога вие ќе продолжите понатаму, нивното водење ќе го продолжи успехот на вашите мисии и идеи.

11. Вработете ги оние кои имаат подобри технички вештини од вас. Работниците секогаш треба да се технички постручни.

12. Водете со визија, упорност и борбеност. Водичот секогаш мора да биде визионер и да гледа прилика и таму каде што другите не ја гледаат.

13. Бидете истрајни и во тешките времиња не се откажувајте од вашите визии.

14. Ставот е поважен од способноста. Какви и да се времињата, успешните лидери остануваат мирни и сигурни во својата мисија.

15. Здравиот разум при одлучувањата се поважни од способноста. Најуспешните лидери не се секогаш најпаметни и најквалификувани, но опкружени се со стручњаци на кои може да се обратат кога им треба совет.

16. Парите и политичката моќ не можат да постојат заедно. Таму каде ги има двете се случува експлозија. Ако ве интересираат двете, следете ги едно по едно, никако истовремено.

17. Отпорноста може да ја сфатите дури по поминувањето низ тешкотиите. Интелектуалното размислување на овој поим не значи ништо. Дури по вистинското искуство, некој може да се смета за отпорен.

18. Ваша работа е да бидете повнимателни, повредни и поамбициозни од другите.

19. Натпреварувајте се достоинствено. Ако конкурентите ги третирате како непријатели и тие на вас ќе гледаат како непријател. Наместо тоа, почитувајте ја конкуренцијата имајќи на ум дека следниот пат може да ги замените позициите.

20. Откажувањето е најголем неуспех. Никогаш нема да знаете што можете да постигнете ако не се обидете. Приспособете ги идеите, променете ја стратегијата ако е потребно, но никогаш не се откажувајте!

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg