Овие деца ја објаснуваат љубовта подобро од кој било возрасен

Уште еднаш се потврдува дека децата се најискрените суштества на светот, кои знаат да ја кажат најголемата суштина за која возрасните би бирале зборови и не би успеале толку добро и толку вистински да ја објаснат.

ovie-deca-ja-objasnuvaat-ljubovta-podobro-od-koj-bilo-vozrasen-01

На прашањето „Што значи љубовта?“, децата даваат одговори подобри од кој било друг возрасен.

1. „Кога баба ми доби артритис веќе не можеше да се наведнува и да си ги лакира ноктите на нозете. Наместо неа, тоа го правеше дедо ми, цело време, иако и тој имаше артритис. Тоа е љубов“. (Ребека, 8 год.)

2. „Кога некој ве сака, начинот на кој го изговара вашето име е поинаков. Тогаш знаете дека вашето име е сигурно во неговата уста“. (Били, 4 год)

3. „Љубовта е тоа што ти предизвикува насмевка, дури и кога си уморен“. (Тери, 4 год.)

4. „Љубов е кога мајка ми прави кафе за татко ми и го пробува пред да му го даде за да се увери дека е добар вкусот“. (Дени, 7 год.)

5. „Љубов е кога се бакнувате цело време, а кога ќе се изморите од бакнување, уште сакате да бидете заедно и продолжувате да зборувате повеќе. Такви се мајка ми и татко ми“. (Емили, 8 год.)

6. „Љубов е она што е останува во собата со тебе за Божиќ, кога ќе престанеш да ги отвораш подароците“. (Боби, 7 год.)

ovie-deca-ja-objasnuvaat-ljubovta-podobro-od-koj-bilo-vozrasen-1.jpg

7. „Ако сакаш да научиш да сакаш повеќе, треба да почнеш со оној кој го мразиш“. (Ника, 6 год.)

8. „Љубов е кога ќе му кажеш на некој дека има убава маица и после тоа ја носи секој ден“. (Ноеле, 7 год.)

9.Љубов е кога стара жена и стар маж сè уште се пријатели иако веќе знаат сè еден за друг“. (Томи, 6 год.)

10. „Кога имав настап на пијано, јас бев на сцената и бев преплашена. Погледнав во публиката, сите гледаа во мене, но го видов татко ми како мавташе и се смееше. Тој беше единствениот што го правеше тоа. Веќе не ми беше страв од ништо“. (Синди, 8 год.)

ovie-deca-ja-objasnuvaat-ljubovta-podobro-od-koj-bilo-vozrasen-2.jpg

11. „Љубов е кога мама му го дава најубавото парче од пилешкото на тато“. (Илејн, 5 год.)

12.Љубов е кога мама го гледа тато испотен и изморен, но сè уште му вели дека е позгоден и од Џорџ Клуни“. (Крис, 7 год.)

13. „Знам дека сестра ми ме сака затоа што ми ја дава цела стара облека и мора да оди да си купи нова“. (Лорен, 4 год.)

14. „Кога сакате некој, вашите трепки се движат горе-долу и од очите ви излегуваат мали ѕвездички“. (Карен, 7 год.)

15. „Љубов е кога мама го гледа тато во тоалетот и не мисли дека е грозно“. (Марк, 6 год.)

16. „Не треба да кажувате „Те сакам“ ако навистина не го мислите тоа, но ако го мислите тогаш треба да го кажувате почесто, затоа што луѓето забораваат“. (Џесика, 8 год.)

17. „Љубов е кога вашето кутре ви го лиже лицето иако сте го оставиле само цел ден“. (Мери Ен, 4 год.)

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg