Мудри насоки од 99-годишен дедо за подолг живот

Советите за животот се најдобри и највистинити кога доаѓаат од некои кои го проживеале најмногу. Уште ако притоа ја пронашле и неговата суштина за среќа и го имаат рецептот за долг живот, тогаш тоа се вистинските совети кои секој треба да ги послуша.

24-soveti-od-99-godisen-dedo-za-podolg-zivot-01

Ова се 24 мудри совети на еден 99-годишен дедо кои сите треба да ги применуваат:

1. Секогаш имајте добра смисла за хумор.

2. Не се плашете да почнете од нула.

3. Вежбајте секој ден, дури и кога не ви е до тоа.

4. Не трошете повеќе пари од тоа што можете да заработите.

5. Пијте природен сок од портокал секој ден.

6. Љубовта на прв поглед не е бајка.

7. Подобро е да имате лоша работа, отколку да немате никаква.

8. Јадете онолку колку што ви е потребно, не се прејадувајте.

24-soveti-od-99-godisen-dedo-za-podolg-zivot-2.jpg

9. Вашето семејство е нешто најдрагоцено кое може да го имате во животот.

10. Јадете колбаси секој ден, тоа мене ми помогна многу.

11. Животот е чувствителен, ако го занемарите, може да се расипе.

12. Никогаш не се плашете да бидете она што навистина сте.

13. Сите имаат премногу облека. Носете го она што го имате и престанете непотребно да купувате.

14. Мора да бидете способни да простите, дури и кога тоа ви се чини невозможно.

15. Сега чувајте ги парите, а подоцна трошете ги.

16. Љубовта не е секогаш лесна, често мора многу да се работи на неа.

24-soveti-od-99-godisen-dedo-za-podolg-zivot-1.jpg

17. Најдете нешто смешно во секоја ситуација во која се наоѓате.

18. Кога ќе наидете на некој проблем, немојте да го одложувате неговото решавање. Ако не постои начин да го сфатите, продолжете понатаму и заборавете на тоа.

19. Потрудете се да го работите тоа што навистина го сакате. Не се плашете да ги следите своите соништа.

20. Образованието е важно, но не е неопходно. Животот сам по себе може да ви биде школа.

21. Истражувајте го својот свет и секогаш бидете љубопитни.

22. Обидете се да не сфаќате сè премногу сериозно.

23. Бидете со здрав разум. Во секоја ситуација убаво размислете. Доколку не им пристапувате разумно на работите во животот, ќе зажалите.

24. Животот е подарок кој мора да го отворите. На вас е да одлучите дали тоа што е внатре ќе ве направи среќни, или ќе ве растажи. Вие имате таква моќ.

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg