Мудри мисли од Џон Ленон: „Сè што ви треба е љубов“

Нема некој што не ја знае најпопуларната група во светот „Битлси“ и барем некоја нивна песна. Необичниот музичар, пејач и поет, Џон Ленон ги има напишано едни од најубавите стихови.

mudri-misli-od-john-lenon-se-sto-vi-treba-e-ljubov-1.jpg

Во нив се кријат мудри мисли за љубовта и животот. Но, не се само во песните, туку и во сите негови изјави и зборови кои сè уште се повторуваат и воодушевуваат.

1. Љубовта ја добиваме како подарок, но таа е како нежна билка. Не може само да ја прифатите и да ја оставите во орманот или едноставно да мислите дека ќе успее сама од себе. Мора да ја полевате, да се грижите за неа и да ја негувате.

2. Замислете сите луѓе да живеат во мир. Можеби ќе речете дека сонувам, но не сум единствен. Можеби ќе ни се придружите еден ден и светот ќе биде како едно.

3. Животот е она што ви се случува додека правите планови за иднината.

4. Нема да го менувам својот изглед или начинот на кој се чувствувам за да бидам во согласност со нешто. Јас секогаш сум бил чудак. Чудак сум и морам да живеам со тоа. Јас сум еден од  „тие“ луѓе.

5. Реалноста остава многу простор за фантазија.

6. Сè е појасно кога си во љубов.

7. Верувам во сè додека не се докаже спротивното. Верувам и во вили, митови, змејови. Сето тоа постои, дури и ако е само во вашиот ум. Кој вели дека соништата и кошмарите не се еднакво реални како она што е „овде“ и „сега“.

mudri-misli-od-john-lenon-se-sto-vi-treba-e-ljubov-2.jpg

8. Не ти треба никој за да ти каже кој си и што си. Ти си тоа што си.

9. Мојата улога или на кој било друг уметник е да го изразиме она што го чувствуваме, а не за да им кажеме на луѓето како да се чувствуваат. Не како проповедник, не како лидер, туку како одраз на сите нас. Надреализмот имаше големо влијание на мене, бидејќи тогаш сфатив дека сликите во мојата глава не се лудило. Надреализмот за мене е реализам.

10. Дел од мене се сомнева дека сум губитник, а друг дел од мене мисли дека сум семоќен Бог.

11. Колку повеќе гледам, толку помалку знам.

12. Ако да се биде егоманијак значи дека верувам во она што го работам, во својата музика или уметност, тогаш може така да ме наречете. Јас верувам во она што го правам и тоа отворено го кажувам.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg