Кинески мудрости за цел живот: „Ако човекот не го менува мислењето или е мудар или е будала“
Кинеската култура, како и секоја останата, има дрвни мудрости кои ги пренесува од колено на колено. Цитати, мисли, искуства - сè што може да го подобри и збогати животот на едно место.
1. Ако долго живеат заедно, животните ќе се засакаат, а луѓето замразат.
2. Зрното песок е премало, но му пречи на секое око.
3. Затворениот ум е како затворена книга - само парче дрво.
4. Кој не може да поднесе мали порази, ќе потклекне пред најголемите задачи.
5. Страста на која и се препуштаме е слична со пијанство. Лекот се состои во три зборчиња: владеј со себе!
6. Само со туѓите очи може да се видат своите недостатоци.
7. Паметниот човек учи 10 работи, но верува дека знае само 1. Будалата учи 1 работа, а верува дека знае уште најмалку 10.
8. Збогати го својот дух и олесни го своето срце. Одмори го јазикот, а измори ги рацете. Јади полека и брзо спиј. Во тоа лежи мудроста.
9. Не можеме да ги спречиме птиците да ни летаат над глава, но можеме да ги спречиме да ни градат гнездо во коса.
10. Итрите луѓе секојдневно се жртви на својата итрина.
11. Едно куче лае за тоа што го гледа, а десетина кучиња за она што го слушаат.
12. Ако имаш само малку пари и вина, ќе имаш многу пријатели.
13. Долгото жвакање и лесното голтање на залакот е рецептот за долг живот.
14. Човекот кој може да ги победи другите е силен. Човекот кој може да се победи себеси е семоќен!
15. Ако сакаш да видиш подалеку, мора да се качиш повисоко.