Афоризми кои ќе ви ја кажат вистината
Афоризмите се оние кои сигурно ќе ви извлечат макар и најмала насмевка кога ќе ги прочитате. Ако избегнувате да ја слушнете директно суровата вистина за среќата, љубовта или животот, афоризмите ќе ви ја доловат на толку фин ироничен начин, што нема да може, а да не си признаете во себе колку се вистинити.
1. Животот е само одложување на смртта.
2. Среќата е лизгава како риба додека ја фатите, затоа уживајте во нејзиниот лов.
3. Разликата помеѓу затворскиот и животниот круг, често е само во обликот.
4. Отвори се за да изветрее маката.
5. Човекот треба да биде она што е, иако често тоа не е лесно да се биде.
6. Баксузните денови не доѓаат по правилен редослед, но доаѓаат.
7. Сè подобро ги разбирам себичните луѓе. Колку помалку даваш, толку помалку те боли човечката неблагодарност.
8. Животот создава премногу надеж, а премалку сеќавања.
9. Искреноста е всушност момент на слабост. Сè останато во животот е калкулација и манипулација.
10. Вистината се слуша тивко. За да ја слушнеш треба да почекаш да престане викањето на лагата.