Заблуди во кои сè уште веруваме: Монт Еверест не е највисока планина, Плутон не е планета
Дали уште верувате дека крвта има сина боја или дека Монт Еверест е највисока планина на светот? Некои човечки заблуди се неискоренети. Ова се некои од уверувањата со кои луѓето уште се мачат.
Златните риби имаат меморија од 3 секунди
Ова тврдење може многу лесно да се побие. Експериментите покажале дека рибите покажуваат Павлов ефект и имаат сеќавање кое трае минимум неколку дена.
Монт Еверест е највисока планина на светот
Ова е технички детаљ, но со него не можете да испаднете паметни во друштвото. За висина на планината се смета нејзината висина од нивото на морето до врвот.
Но, гледајќи го нејзиното подножје до врвот, Монт Еверест е всушност понизок од планината Маун Кеа на Хаваите, која е висока дури 10.200 метри.
Со оглед на тоа што две третини од таа планина се под вода, Монт Еверест се смета за највисок врв на светот.
Громот никогаш не удира двапати на исто место
Оваа изрека низ годините добила фигуративно значење. Меѓутоа, нема причина за толку многу да се верува во тоа тврдење бидејќи громовите на Земјата удираат 50 до 100 пати во секунда.
Веројатноста за двапати на исто место да удри воопшто не е така мала. Високите градби почесто страдаат. Empire State Building во Њујорк секоја година удираат по десетина громови.
Луѓето во Средниот век верувале дека Земјата е рамна
Уште од стара Грција е познато уверувањето дека Земјата е кружна. Ако сакаме да бидеме попрецизни, таа е всушност сфероид бидејќи е порамна на половите отколку на екваторот.
Морските кучиња не можат да добијат рак
Морските кучиња се ловат поради нивната ‘рскавица која наводно се користи во лечењето на ракот. Но, тоа не е точно. Научниците никогаш не верувале во тоа, а откриено е дека многу морски кучиња имаат тумор.
Камелеоните ја менуваат бојата за да се прилагодат на околината
Тоа е мит. Постојат бројни причини зошто тие ја менуваат бојата, а тоа зависи и од видот на камелеон. Нивното расположение и надворешната температура играат голема улога.
Поголемиот дел од телесната температура ја губиме низ главата
Поголемиот дел од температурата ќе ја изгубиме низ кој било дел на телото кој нема облека на себе. Главата е најизложена на временските влијанија, бидејќи лицето е непокриено.
Крвта во нашето тело е сина
Тешко е да се помисли дека некој воопшто верува во такво нешто. Но, постојат многу луѓе кои ја мешаат сината боја на крвта со бојата ан крвта која тече во нивните вени. Тоа е последица на погрешното верување дека крвта станува црвена само кога ќе дојде во допир со кислород. Вистината е поинаква, крвта има темноцрвена боја.
Кинескиот ѕид се гледа од Вселената
Зависно што подразбирате под Вселена. Под орбитата се гледа ѕидот, како и многу други масивни градби на Земјата. Од поголема оддалеченост, како што е онаа на која се наоѓа Месечината не е возможно да се видат ни континентите, а не пак Кинескиот ѕид.
Плутон е планета
Пред неколку години Плутон го изгубил овој статус бидејќи е многу помал од останатите планети во Сончевиот систем. По развојот на телескопот пронајдени се уште многу слични џуџести небесни тела кој никој не ги смета за планети.Така е пронајден и Ерис, кој е поголем од Плутон, што бил повод за ваквата одлука. Слична големина имаат и Церера, Хаумеа и Макемаке.