Помалку познати факти за љубовта
Она за кое што живееме, она по кое копнееме, она за кое сонуваме, мечтаеме, за кое сме среќни или поради кое тагуваме е токму љубовта.
Кога сме заљубени целиот свет ни се чини едно поубаво место за живеење, а врз тоа влијание имаат овие факти поврзани со љубовта.
Едноставно, вреди да ги знаете.
1. Подобра меморија
Љубовта ви овозможува подобро помнење и помалку стрес и нервоза. Луѓето кои се заљубени секогаш покажуваат подобри резултати на училиште, факултет или на работа. Па што чекате? Запловете во љубов.
2. Скапата традиција
Подарувањето на скап веренички прстен со дијамант, потекнува од Австрија во далечниот 15-ти век.
3. Вената на љубовта
Античките Грци верувале во така наречената вена на љубовта и дека токму таа се наоѓала на четвртиот прст од десната рака, токму таму каде што го носиме вереничкиот прстен. Тие верувале дека вената на љубовта е поврзана со срцето, а од таму и традицијата за носење на прстенот токму на овој прст.
4. Слатки почетоци
Освен тоа античките грци, за прв пат започнале да користат прстени при свадбена церемонија, а тие прстени ја искажувале вечноста на заљубениот пар.
5. Нема повеќе стрес
Љубовта освен што го минимизира стравот, таа и го намалува стресот па затоа заљубените се помалку изложени на заболувања предизвикани од стрес.