Факти за соништата кои мора да ги знаете
Интересни факти кои досега не сте ги знаеле, а се однесуваат на соништата кои ги сонувате. Соништата во некои религии се сметаат како предвидување на иднината, па затоа добро запомнете ги соништата што ги сонувате.
1. Странците во вашите соништа се луѓе кои сте ги сретнале во реалниот живот.
Иако не сте ги запознале можеби случајно сте ги виделе во некој клуб, кафуле или на кое било друго јавно место.
2. Една просечна личност сонува од 1460 до 2190 соништа во текот на една година.
Во текот на една ноќ сонуваме од 4 до 6 соништа, иако често памтиме само еден сон. Всушност, статистиката покажува дека 95% од соништата ги забораваме следниот ден.
3. Кога сонувате вашето тело е парализирано.
Во првите 90 минути од заспивањето се движите кон подлабоко заспивање и сонување. Потоа сте како парализирани.
4. Жените сонуваат за секс исто толку често како и мажите.
Единствено се разликуваат по тоа што жените сонуваат за секс со сегашни или минати партнери, додека пак кај мажите нема ограничување.
5. Само 12% од луѓето сонуваат црно-бели соништа.
6. Слепите луѓе исто така сонуваат.
Но, нивните соништа не се создадени од фотографии туку од емоции, мириси, допири и звуци.
7. Дури и животните сонуваат.
Може да забележите дека често дури спијат,на пример кучињата изгледаат како во сонот нешто да бркаат.
8. Во текот на сонувањето може да доживеете оргазам.
9. Познатиот уметник Салвадор Дали се будел во вистинскиот момент за да го наслика својот сон.
10. Факт е дека сите сонуваат.
Не постои човек кој не сонува, туку постојат оние кои ги помнат и оние кои ги забораваат соништата.