Откријте што велат познатите писатели за пишувањето
Книгата е големо бегство од реалноста тогаш кога најмногу нѝ е потребно. Секој писател има свој начин на пишување и креирање на богатата литература пробувајќи да се надмине себе си со секое ново дело.
Пишувањето не е едноставно дури и за најталентираните автори, па затоа прочитајте што тие велат за творечкиот процес:
„Кога нема што да пишуваш, сѐ што правиш е седиш покрај машината за чукање и крвариш”.
- Ернест Хемингвеј
„Едноставно е. Доколку немаш време да читаш тогаш нема да имаш време ниту да пишуваш”.
- Стивен Кинг
„Можеш да ги заклучиш библиотеките, но не постои таква порта, клучалка ниту катанец кои би можеле да се спротистават на слободата на мојот ум”.
- Вирџинија Вулф
„Еден ден ќе ги пронајдам вистинските зборови и тие ќе бидат едноставни”.
- Џак Керуац
„Фантазијата не е само бегство од реалноста. Тоа е начин на сфаќање на реалноста”.
-Лојд Александар
„Кога нема солзи во писателот нема ниту кај читателот. Кога нема изненаденост кај писателот тоа го нема ниту кај читателот”.
- Роберт Фрост
„Мора да останете пијани додека пишувате бидејќи само на тој начин реалноста нема да ве уништи”.
-Реј Брадбури
„Постојат книги чии корици се најдобриот дел”.
- Чарлс Дикенс
„Солзите се зборови кои треба да се напишат”.
- Пауло Коелјо
„Пишувај го она што не смее да биде заборавено”.
- Изабел Аленд
Иако навидум различни сите писатели се соединуваат во тоа дека најтешкиот дел е всушност да завршиш и да ставиш крај на книгата. Па, одберете некои од овие автори и прочитајте некое нивно дело. Со сигурност ќе уживате дури го откривате творечкиот процес.