Познати цитати за жените
Без нив не се може. Светот не би бил ист кога не би постоеле жените и нивниот начин на гледање и комплицирање на нештата.
Нивната насмевка, борбеност, убавина. Во прилог неколку познати цитати за жените:
„Не ми пречи, да живеам во Светот на мажите, се додека можам да бидам ЖЕНА”. - Мерлин Монро
„Жената е таа која стои на капијата, за влезот и излезот од овој Свет” - Иво Андриќ
„За мажот кој е без жена, нема рај ниту на земјата ниту на небото. Без жената, не би имало сонце, месечина, дожд ни оган” - арапска поговорка
„Ако жената ве победува во тенис, променете го спортот. Но, ако жената ве победува во бокс тогаш променете ја жената” - Мухамед Али
„Жената треба да биде две работи истовремено: Отмена и Прекрасна” - Коко Шанел
„Жената која искрено сака, не може да биде ниту неверна ниту зла” - Мор Џокаи
„Среќните девојки, се најубавите девојки” - Одри Хепбeрн
„Таа. Тоа е трето лице еднина, заменка која ништо не може да ја замени” - Ѓорѓе Балашевиќ
„Ниту една жена не е толку скапа, да не може да се купи со искрена љубов. Но, не е ни толку евтина, да се продаде за малку лажност ”- Ѓорѓе Балашевиќ
„Кога очите на една жена се замаглени од солзи, тогаш мажот е тој кој не гледа јасно” - Михаел Турниер
„Што е подобро од мудроста? - Жена. А, што е подобро од добра жена? - Ништо” - Геофреј Чаусер
Кој ви е омилен? Доколку го нема меѓу овие, споделете го во коментари.