За загарантиран животен успех: 5 инспиративни цитати од Стив Џобс
Стив Џобс е запаметен како еден од најголемите визионери и иноватори кои го променија светот на технологијата, а неговите реченици и говори се едни од ретките кои го гарантираат животниот успех и ја поттикнуваат мотивацијата.
Токму затоа, секој ден присетете се на следниве 5 цитати:
1. Вашето време е ограничено, затоа не го трошете времето живеејќи го туѓиот живот. Не се ограничувајте и не живејте според туѓите очекувања. Не дозволувајте џагорот од туѓите размислувања да го задуши внатрешниот глас. И најважно од сè, соберете храброст да го следите своето срце и интуиција.
2. Да бидам најбогатиот човек во светот? Тоа не ме интересира. Да одам во кревет знаејќи дека сум постигнал нешто прекрасно? Тоа е тоа што ме интересира.
3. Работата ќе зафати огромен дел од вашиот живот и единствен начин да бидете исполнети е да го работите она во што верувате. А, единствен начин да го работите она во што верувате е да ја сакате својата професија. Доколку тоа до сега не го пронајдовте, продолжете со потрагата. Не се задоволувајте со било што. Кога ќе дојде вистинското, ќе знаете.
4. Тогаш не го видов тоа, но мојот отказ во Apple беше најдоброто нешто што некогаш можете да ми се случи. Тежината на успехот ја заменив со леснотијата на почетокот, по малку несигурен во сè. Се ослободив, па дури тогаш влегов во најкреативниот период од мојот живот.
5. Присетете се дека еден ден ќе умрете, колку и да звучи брутално. Ова е најдобар начин да ја избегнете замката за размислување за работите кои може да ги изгубите. Веќе сте голи. Нема причина да не го следите своето срце.