10 изненадувачки факти кои не ги знаевте за Титаник
Филмската верзија на потонувањето на Титаник и понатаму ја буди љубопитноста кај публиката.
Па, ако мислевте дека веќе на памет ја знаете целата приказна, погледнете што никогаш не успеавте да дознаете за филмот:
1. Улогата на Џек која ја доби Леонардо Дикаприо, била наменета за Том Круз.
2. Дури откако ја напишал улогата на Џек, Џејмс Камерон сфатил дека овој човек навистина постоел и несреќно го изгубил животот на Титаник.
3. Ова е втор филм за потонувањето на Титаник кој доби Оскар за најдобра фотографија.
4. Стариот пар кој умира во креветот додека Титаник потонува е посветен на Ид и Исидора Штраус, сопственици на бутикот Мејси, а навистина починале на овој брод.
5. Кејт Винслет е единствена која на снимањето не носеше одело за пливање.
6. Раката која ја црта Роуз не е на Леонардо Дикаприо, туку на Џејмс Камерон.
7. За снимање на овој филм биле потребни повеќе парични средства, отколку за изградба на бродот.
8. Фустанот кој Кејт го носи во последната сцена е специјално осмислена и изработена за добро да изгледа и мокра и сува.
9. Во сцената каде Џек и Роуз се среќаваат на крајот, часовникот покажува 2.20 наутро, што е точно време на потонувањето на Титаник.
10. Мадона била една од потенцијалните избори кои можеле да ја глумат Роуз.