Мудри совети од мојата 90-годишна баба
Ендру Робертс е познат австралиски бизнис ментор, кој често споделува животни мисли, поуки и лекции кои може да се спроведат и во секојдневието и во бизнисот.
Овојпат тој издвојува дел од советите на неговата 90-годишна баба од која навистина има што да се научи.
1. Што мислат другите за мене, не е моја работа
Баба ми ми помогна да сфатам дека животот е премногу краток за да се грижам што мислат другите за мене. Ова е една од најголемите работи што може да ги спречи луѓето да бидат она што се.
Некој може да има огромна уметничка страст, но да не го покажува тоа плашејќи се од тоа што мислат неговите пријатели.
На крајот на денот, добрите пријатели само сакаат ти да си среќен, затоа престани да се грижиш што мислат или зборуваат за тебе.
2. Ништо не е вечно
Ниту добрите ниту лошите моменти не траат вечно.
3. Односите и врските се најважното нешто кога ќе остариш
За да имаш пријател, треба и ти да си пријател. Дајте им време на контактите со пријателите за да останат живи и да ги одржите, бидејќи кога ќе остарете и нема да имате предизвици за градење кариера и стекнување богатство, тие ќе ви бидат најважни и најпотребни. Нема поента да се биде само здрав и осамен.
4. Воспоставувајте врски со помлади луѓе
Младите луѓе ви стануваат пријатели кога ќе остарете. Повеќето од пријателите на баба ми кои се на нејзина возраст, се веќе починати, па таа многу поактивно се дружи со оние кои се 20-30 години помлади од неа.
5. Животот е забава...затоа прави што сакаш
Баба ми секогаш ме учеше дека успехот во животот зависи од тоа колку се забавуваш. Затоа исполнете ги деновите со забава и смеа. Не чекајте иднината да го направи тоа за вас.
6. Смеј се и пеј
Кога одам да ја посетам баба ми, секогаш ја слушам како пее. Тешко е да не бидете среќни ако постојано пеете. Освен ако не е тажна песна.
7. Не им суди на другите
Почитувај го странецот на улица исто колку што ја почитуваш најважната личност што ја познаваш. Сите сакаат исто нешто – да бидат сакани.
8. Единствено важно нешто е денешниот ден
Престанете да се грижите за вчера и за утре. Пред да се свестите ќе имате 90 години и ќе сфатите дека не можете да го вратите минатото и нема поента да се грижите за иднината. Глумете како да имате 90 години секој ден!
9. Никогаш не умирајте прашувајќи се: „Што ако...?“
Наскоро ќе бидете мртви. Зошто да му дозволите на стравот да ве спречи да живеете прекрасен живот исполнет со љубов, смеа и живост.