7 мотивациони мисли за успешен ден
Понекогаш потребно ни е само малку. Неопходна ни е само една реченица која може да ни го промени денот. Затоа, денес ви нудиме 7 мотивациони мисли кои нема да ве остават рамнодушни.
1. Губитниците замислуваат казни за неуспехот. Победниците замислуваат награди за успехот.
2. Храброст е да се соочиш со своите стравови. Глупост е да не се плашиш од ништо!
3. Победата е секогаш остварлива само за оние кои не престануваат да се борат.
4. Ако во 8 зборови не успеете да го објасните вашето мислење, тогаш немате мислење.
5. Неуспехот ве учи дека едноставно нешто не може да биде направено... на тој начин.
6. Многу луѓе умираат со музика во себе. Зошто? Затоа што многумина долго се подготвуваат за животот. И штом ќе почнат да го живеат, времето истекува.
7. Понекогаш дури и грешките ве водат поблизу до целта.