Најзначајните мисли на Нелсон Мандела

Првиот црнец претседател на Јужноафриканската република, поборник за човековите права, правата на црнците и против репресивниот режим на апартехејдот.

najznacajnite-misli-na-nelson-mendela-01

Револуционерен водач и еден од најзначајните нобеловци за мир и слобода во светот, големиот Нелсон Мандела почина во својата 95 година од животот.

Човекот од кого треба да учи светот за вистинските вредности, зад себе остави многу мудрости кои вреди да бидат запомнети.

1. Знаењето е најмоќното оружје кое може да го промени светот

2. Храбриот човек не се плаши да прости.

3. Победник е оној кој знае да сонува и од сонот да не се откажува.

4. Научив дека храброста не е недостиг на страв, туку победа над него. Храбриот човек не е оној кој не се плаши, туку оној кој му се спротивставува на стравот.

5. Секогаш нешто изгледа невозможно, додека не биде направено.

6. Нема ништо подобро од тоа да се вратиш на место кое те потсетува на твоите почетоци за да откриеш колку далеку си стигнал.

7. Јас не сум светец, освен ако за светец не го сметате грешникот кој се обидува да успее.

8. Најголемата моќ во животот не е да се трудиш да не паднеш, туку после секое паѓање да знаеш повторно да се издигнеш.

9. Не ми судете според успехот кој сум го постигнал, туку по бројот на порази и повторни издигнувања. Тоа е успех.

10. Ако на некој човек знаете да му зборувате на јазик што го разбира тогаш допирате до неговата глава. Но, ако знаете да зборувате на неговиот јазик, тогаш ќе допрете до неговото срце.

11. Ако дозволиме нашата светлина да биде видена, тогаш на некој начин и на другите им даваме шанса да го направат истото.

12. Каде ќе застанете, зависи од тоа каде седите.

13. Она што го научив во текот на животните борби и спротивставувања е дека не можам да ги променам другите, додека не се сменам јас.

14. Се прашувате себе, кој сум јас за да бидам најпаметен, најталентиран, најубав, најуспешен? Прашајте се, кој сум јас за да не можам да бидам сето тоа?

15. Откако ќе се искачите на еден врв, она што ќе го видите е дека има уште многу врвови што може да ги искачите.

16. Не можете да бидете подготвени за нешто, ако претходно потајно не сте верувале дека ќе се случи.

17. Јас сум господар на мојата верба и капетан на мојата судбина.

18. Разликата меѓу луѓето не е во тоа што им дал животот, туку што ќе направат со она што го имаат.

19. Јас не сум оптимист, туку голем верник во надежта.

20. Живејте го животот како никој да не ве гледа, а изразувајте се себе како сите да ве слушаат.

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg