Животни тајни кои треба што поскоро да ги откриете

Откако ќе проживеат добар дел од животот, луѓето би сакале да променат многу работи. Но, за жал, веќе е доцна. Покрај многуте има 5 работи кои се издвоиле и се забележале низ годините како вистински животни мудрости кои е добро да ги знаете пред да ги научите од сопственото искуство.

zivotnite-tajni-koi-treba-sto-poskoro-da-gi-otkriete-01

Со тајните и лекциите на луѓето се занимавал Карл Пилмер од американскиот универзитет Корнел, кој анализирал околу 1.500 луѓе на возраст од 70 до 100 години и напишал книга „30 лекции за животот“.

Ова се петте најважни заклучоци:

1. Запомнете – Животот е краток

Првото прашање кое Пилмер им го поставувал на сите соговорници од различни профили и возрасти било: Кои се најважните лекции што сте ги научиле во текот на животот. Зборувале за различни работи, но една реченица им била заедничка и неизбежна: „Животот е прекраток“.

2. Кариера – Работете го она што ви се допаѓа

Иако повеќето од испитаниците живееле во време кога економската ситуација била многу тешка во своите совети тие не ги советуваат младите да бидат одмерени кога ги трошат заработените парите и да бараат само добро платена работа. Напротив, постојано истакнувале и повторувале дека треба да го работат она што им се допаѓа. Она што човекот го работи треба да го избере заради вистинските вредности и да ужива во него. „Животот е прекраток за да би го трошеле работејќи нешто што не ни се допаѓа, дури и ако се работи за краток период“ – вели американскиот професор.

3. Здрав живот – Грижете се за вашето тело како да ќе ви биде потребно 100 години

Нездравиот начин на живот покрај модерната технологија не значи дека ќе живеете пократко, туку дека ве чека помалку квалитетен живот во староста.

Наместо советите како: јадете овошје и зеленчук, легнувајте порано, не пушете... испитаниците постојано ја истакнувале реченицата: „Грижете се за своето тело како да ви е потребно за 100 години“.

4. Бесмислени грижи

Пилмер бил изненаден од одговорите на прашањето: „За што најмногу жалите во животот?“ Кога наместо набројување несреќи, неуспеси и грешки, најчестиот одговор бил: „Би сакал да не потрошев толку време грижејќи се“.

5. Среќа

Учесниците биле најкритични кога е во прашање поимот среќа. Имено, дури во подоцнежните години сфаќаат дека додека биле млади нешто ја условувало нивната среќа. Жалат што сами си го комплицирале животот со неважни работи.

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg