Мудри мисли: Што значи да се живее?
Искуството нè учи на тоа како правилно да го живееме животот. Од искуството излегуваат и многуте мисли кои стануваат наши водилки кон подобро утре. Секојдневно учиме да знаеме да ги поднесеме и подемите и падовите.
1. Животната сила на човекот се мери , покрај останатото и според неговата способност за заборавање. (Иво Андриќ)
2. Треба да живееш така што ќе можеш да се почитуваш сам себе. (Максим Горки)
3. Не оди наоколу зборувајќи дека светот ти го должи животот. Светот ништо не ти должи, тој настанал прв! (Марк Твен)
4. Животот е рај и сите сме во рајот, но не сакаме тоа да го знаеме. А кога би сакале да го знаеме, веднаш во целиот свет би настанал рај. (Фјодор Достоевски)
5. Текот на случувањата во животот не зависи од нас, но начинот на кој ќе ги поднесеме тие случувања во голема мера зависат од нас. (Иво Андриќ)
6. Животот без принципи и е брод без кормилар ( Махтма Ганди)
7. Луѓето се жалат дека се уморни од животот кога немаат пред себе некоја цел кон која би ги насочиле сите свои напори и сите свои мисли. (Марко Аурелиј)