Факти без кои можете да преживеете, но добро е да ги знаете
Постојат најразлични факти кои не ни се познати, но се интересни. Новото знаење не е никогаш на одмет.
Овие факти нема да ви го променат значително животот, но може да ви помогнат во некој квиз или само да ве изненадат.
1. YKK е скратено име од Yoshida Kogyo Kabushikigaisha, јапонска компанија која е најголем производител на патенти во светот.
2. Срцето на големиот син кит е толку големо што едно бебе може слободно да плива низ него.
3. Целосното име на Барби е Барбара Милисент Робертс.
4. Вака расте ананасот
5. Поголема е веројатноста да умрете ако ви падне кокос на глава, отколку ако ве гризне ајкула.
6. Коњите никогаш не дишат низ ноздрите.
7. Воопшто не сте единствени. Во светот постојат уште 7.184 личности кои изгледаат речиси исто како вас.
8. Медузата може да живее вечно бидејќи го менува обликот на своето постоење и кога ќе постигне сексуална зрелост се враќа во младоста. И така постојано во круг.
9. Не ги гледаме сите бои на виножитото. Има околу милион бои кои се појавуваат, но нашето око не може да ги види.
10. Во вашиот папок има мал екосистем со околу 2.368 видови бактерии.