Најчести научни заблуди
ога станува збор за некои факти и податоци, понекогаш сме едноставно сигурни во она што го знаеме, но не ретко се случува да имаме погрешна информација.
Затоа, заборавете на она што го знаете и откријте го вистинското значење на неколку општо познати заблуди.
1. Првата жена во вселената не била Американката Сали Рајд, како што многу мислат, туку советската астронаутка Валентина Терјешкова која во вселената е лансирана во 1963 година.
2. Една кучешка година не изнесува седум човечки. Кучињата стари 1 година од прилика се стари 10-15 човечки години.
3. Громот може да удри два пати во исто место, без оглед што е познато спротивното. Така Empire State Building минатата година беше погодена преку 100 пати.
4. Земјиното јадро не е растопено, туку се работи од цврста структура составена од никел и железо.
5. Златните рипки може да памтат многу подолго од 3 секунди.
6. Китовите убијци не спаѓаат во семејството на китови, туку на делфини.
7. Зависно од дефиницијата, луѓето имаат многу повеќе од 5 сетила. Бројката се движи некаде измеѓу девет и дваесет, а во некои попознати сетила спаѓаат нашата рамнотежа и чувството за болка.
8. Галилео не го измислил телескопот, туку само го усовршил.
9. Птиците не ги напуштаат своите гнезда и јајца ако почувствуваат дека човек ги допрел, како што многумина мислат.
10. Лилјаците всушност, не се слепи.