Дали знаевте дека...?
Ако сте сопственик на домашно милениче се разбира дека знаете многу за неговите карактеристики, особини и потреби. Меѓутоа, вистинските љубители на животните сепак мораат да го шират знаењето, па затоа ви откриваме неколку интересни, а често непознати факти за животинчињата.
Опуштете се и тргнете во авантурата наречена „Дали знаевте дека...“
- Жирафите немаат гласни жици.
- Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.
- Крвта на јастогот е безбојна, а во допир со кислород станува сина.
- Мачките имаат 32 мускули на ушите.
- Мечката има 42 заби.
- Афричкиот сив папагал може да развие вокабулар од преку 200 зборови.
- Млекото од камилите не може да се претвори во млечни производи.
- Кравата е можно да се води покрај скалила, но не и по нив.
- Жабите не пијат вода, тие ја впиваат преку кожата. Исто така, додека нешто голтаат, не може да ги држат очите отворени.
- Кога ќе се родат, далматинците се секогаш бели.
- Срцето на птицата колибра чука повеќе од 1.000 пати во минута.
- Крокодилите не можат да го помрднат својот јазик.
- Нилските коњи во Африка убиле повеќе луѓе отколку било кое друго животно.
- Слонот ги користи ушите за да ја регулира сопствената температура на телото.
- Кога излегуваат од пештерите, лилјаците секогаш вртат лево.
- Свињите не можат да погледнат кон небото.
- Единствено животно кое преде е мачката.
- Слоновите спијат само 4 до 5 часа дневно, коалите дури 18, додека мачките преспиваат 66 проценти од својот живот.
- Поголема е веројатноста од смрт при удар со тапа од шампањ, отколку од убод од отровен пајак.
- Кучињата од помала раса живеат подолго од поголемите раси.
- Поголема е шансата да ви падне кокос на глава, отколку да ве нападне крокодил.
- Просечната кокошка снесува 228 јајца годишно.
- Повеќе луѓе умреле од убод од пчела, отколку од змија.
- Мачките го мразат мирисот на лимон.
- Во светот, во просек има 1 човек на 200 милиони инсекти.
- Игуаната може да издржи под вода 28 минути.
- Животниот век на домашните муви изнесува 10 до 25 дена.
- Максималната брзина на пливањето на делфините изнесува 60 километри на час.
- Африканските слонови имаат само 4 заби.
- Урината на мачките свети на ултравиолетово светло.
- Ајкулите се имуни на сите познати болести.
- За изработка на 1 пар кожни чевли потребна е кожа на 1 алигатор, додека за изработка на чизми потребни се дури 3.
- Една милијарда полжави се послужуваат секоја година во рестораните.
- Новороденчињата од еден вид елени ги собира во човечка рака на возрасен човек.
- Болвата може да скокне 350 пати поголема должина од должината на нејзиното тело.
- Мачките со сини очи во главно се глуви.
- Коњите спијат стоечки.
- Полжавот може да спие 3 години.
- Птиците јадат дупло повеќе храна од тежината на нивното тело.
- Делфинот под вода слуша звуци кои допираат раздалеченост од 24 километри.
- Коските на гулабите се полесни од нивните пердуви.
- Жирафите имаат највисок крвен притисок од целото животинско царство.
- Шарите на носот на секое кутре се различни, исто како и отисоците на прстите кај луѓето.
- Киви птиците се слепи.
- Тарантулата може да преживее 2 години, а да не изеде ама баш ништо.
- Луѓето и полжавите имаат 70 проценти иста ДНК.
- Кравите од различни региони имаат различно акцентирано „Мууу“.
- Женките коали имаат два полови органи.
- Жирафите во вратот имаат ист број на коски колку човекот во целото тело.
Сега се чувствувате барем малку попаметни?