Рекоа за иднината...
„Сегашноста е резултат на минатото и темел за иднината“
„Иднината е време сокриено дури и од оние кои ја создаваат“ – Анатол Франс
„Помеѓу минатото кое се губи и иднината која се наѕира, ни се случува живот“
„Секој светец има минато, секој грешник има иднина“
„Знаеме што сме во сегашноста, но не знаеме што можеме да станеме во иднина“ – Вилијaм Шекспир
„Иднината им припаѓа на оние кои можат да ја видат можноста, пред таа да стане вистински видлива” – Теодор Левит
“Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа“ – Елеонор Рузвелт
Живеј во сегашноста
Велиш дека сакаш да си успешен и среќен,
Фокусирај се на она што се случува баш сега.
Користи ја својата суштина да се однесуваш во склад со она што е важно токму сега.
Учи од минатото
Велиш дека сакаш сегашноста да ја направиш подобра од минатото,
Набљудувај што ти се случило во минатото,
Извлечи поука од тоа и следниот пат направи ги работите поинаку.
Планирај ја иднината
Кога сакаш иднината да ти биде подобра од сегашноста,
Замисли колку феноменално ќе изгледа таа.
Направи планови кои ќе ти помогнат да ја создадеш таа иднина и
Почни веднаш да ги остваруваш! – Спенсер Џонсон