Древни кинески изреки за парите
За парите се кажани многу изреки. Многумина ги прават среќни, а многу луѓе тврдат дека среќата со пари не се купува. Тие се нужно зло на нашето секојдневие, а нивната вредност е најдобро опишана во дрвните кинески мудрости:
„Парите понекогаш ги решаваат проблемите, но најчесто ги создаваат“
„Старост и сиромаштија. Една од овие две неприлики е доволна“
„Болниот богаташ му завидува на здравиот сиромав“
„Богатиот прави планови за утре, а сиромавиот за денес“
„Богатството ја краси куќата, а добрината луѓето“
„Подобро научи го детето свое, само една вештина, отколку да му дадеш вреќа златници“
„Со пари не можеш да ја вратиш младоста“
„Со пари можеш да купиш куќа, но не и мир и спокој во неа“
„Со пари можеш да купиш кревет, но не и сон“
„Со пари можеш да купиш книга, но не и знаење“
„Со пари можеш да купиш доктор, но не и здравје“
„Со пари можеш да купиш статус, но не и углед“
„Со пари можеш да купиш крв, но не и живот“
„Со пари можеш да купиш човек, но не и љубов“
„Со пари можеш да купиш палата, но не и дом“