Интересни факти за бракот

За некој кој безусловно верува во љубовта, бракот е институција заснована на безгранична доверба, љубов и солзи. Но, за оние кои не веруваат во неговото значење – тој е само потпис на кој не треба да му се дава голема важност.

interesni-fakti-za-brakot-01

Во која група на луѓе и да спаѓате, веруваме дека следниве неколку факти за бракот ќе ве заинтересираат.

- Според некои истражувања, мажите кои ја бакнуваат својата сопруга штом се разбудат, живеат подолго дури пет години од оние кои ја немаат таа навика.

- Иако традицијата на вереничкиот прстен датира уште од старите Римјани, првиот примерок на обработен дијамант е направен дури во 1477 година.

- Верувале или не, во 1228 година Шкотска била првата европска земја во која жените имале право да го запросат мажот.

- Вереничкиот прстен, а и бурмата одамна се носат на домалиот прст заради вената аморис која е поврзана директно со срцето (вената на љубовта) во која верувале уште старите Римјани.

- Интересен податок е дека дури 75 проценти од паровите кои се венчаат непланирано, се разведуваат по одредено време.

- Денес, бракот е заедница која е настаната како производ на безусловната љубов. Некогаш тоа не било така – тогаш се склопувале однапред договорени бракови.

- Во стариот Рим бакнежот по официјалното „да” означувал запечатување на договорот.

- Според едно американско истражување, партнерите во еден од три брака немаат воопшто, или имаат нередовен секс.

- Просечниот брачен пар води љубов 58 пати годишно.

- Кога ќе ги земеме во предвид сите обврски, хобија, времето поминато на интернет или гледајќи телевизија, просечните вработени партнери кои имаат деца поминуваат само четири минути дневно кога се сами.

- Доколку жената во бракот е постара од мажот, поголеми се шансите тие да се разведат.

Би можело да ве интересира:

Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg