7 изјави на познатите за љубовта
Љубовта понекогаш боли, понекогаш прави од нас да се чувствуваме како будали, но колку и да не вади од такт, не можеме без неа.
Еве како на љуобвта и сексот гледаат некои од познатите:
- Жените ја поседуваат целата моќ на светот, затоа што ги поседуваат и сите вагини – Дејв Ател
- Мажот може да спие со многу жени. И никој нема ништо да го праша, но ако жената направи 19 или 20 грешки, веднап е ороспија – Џоен Риверс
- Постојат само три работи кои им се потребни на жените во животот: Храна, вода и комплименти – Крис Рок
- Никогаш немој да се омажиш за маж од кој не би сакала да се разведеш – Нора Ефрон
- Бисексуалноста автоматски ги дуплира шансите за состанок во сабота навечер – Вуди Ален
- Некои луѓе ме прашуваат која е тајната на мојот долг брак. Наоѓаме време да одиме во ресторан два пати неделно. Вечера, свеќи, тивка музика и танц. Таа оди во вторник, јас во петок – Хенри Јангмен
- Главниот проблем меѓу мажите и жените, кога е сексот во прашање, е во тоа што мажите се како пожарникари. Ним сексот им е итен случај, и што и да прават можат да бидат спремни за 2 минути. Од друга страна, жените се како оган. Возбудливи, но условите мора да бидат идеални за да се започне нешто – Џери Сајнфилд.