Едноставни вистини кои често ги забораваме

ednostavni-vistini-koi-cesto-gi-zaboravame-povekjeЧесто пати ни се случува од премногу работа да заборавиме на важните работи во животот. Среќата не се состои само од успесите во кариерата.

 

Среќата е многу повеќе. Среќата и успехот е две различни работи. Треба да научиме како да ги споделуваме со другите.

Ова се 11 вистини кои не треба да ги заборавите:

1. Со образование и интелигенција не се постигнува ништо ако не се делува. Не е важно колкав IQ имате ако не преземете ништо, нема да напредувате. Дури и оние кои не знаат како да направат нешто, после неколку обиди ќе погодат. А, вие, дури и ако знаете, а не делувате – нема да успеете.

2. Среќата и успехот се две различни работи. Кога некој премногу се концентрира на една работа, другите му стануваат помалку важни. Но, во еден момент кога ќе се свртат нештата сфаќа дека тоа не е доволно. Затоа, важно е да не ги запоставувате работите во животот. Немојте да се концентрирате само на работа, одвојте време за пријателите, семејството, хоби...

ednostavni-vistini-koi-cesto-gi-zaboravame

3. Морате да знаете да презентирате што знаете, а не само да чекате другите да го сфатат тоа. Без оглед на работното место треба да знаете како да го пренесете она што знаете да го направите.

4. Премногу избори влијаат на донесување на одлуките. Морате да знаете која е вашата цел. Премногу раширени цели само ќе ви го голтаат времето.

5. Сите понекогаш успеваат, а понекогаш не. Во некој момент некому му оди подобро, а некому полошо. Но, тоа не значи дека неговиот избор е подобар и дека треба да го копирате. Пречесто менување одлуки никогаш не е добро.

6. Не треба сè да правите совршено. Морате да научите да ја оптимизирате ситуацијата, а тоа значи да ги доведете задачите до ниво до кое вложеното време дава резултати.

7. И грешките кои ќе ги направите се напредок. Посебно ако не сте можеле да научите на поинаков начин.

8. Луѓето можат да бидат одлични и во нештата кои не ги сакаат. Често пати се случува и кога ќе се задлабочиме во некоја работа да сфатиме дека не е онака како што сме си замислиле.

9. Проблемите кои ги имаме со другите често зборуваат повеќе за нас отколку за нив. Начинот на кој пристапуваме на луѓето, начинот на кој ги доживуваме е наш личен став, не објективен. Можеби имате предрасуди кои влијаат на вашата перцепција.

10. Емотивните одлуки се ретко добри. Во ваква состојба ретко ги гледаме фактите и реагираме импулсивно.

11. Никогаш нема да бидете 100% подготвени за можностите кои се пред вас. Најважно е да процените дали можноста е доволно добра, односно, дали сте доволно спремни за неа.

Би можело да ве интересира:

8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
„Стареењето е привилегија што ја нема секој“: Цитати кои ќе ви покажат дека годините не треба да ве ... „Секој кој престанува да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној...
Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер? Бил згрозен од разорната моќ на атомските бомби што ги создал, живеел со голема ...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg