Инспиративната приказна на основачот на IKEA: Продавал кибрит и пенкала, па станал најбогатиот Швеѓанец
Може да се каже дека основачот на IKEA, Ингвар Кампрад, ја почнал бизнис кариерата на само 5-годишна возраст, кога им продавал кибрит и пенкала на соседите. IKEA ја основал на само 17-годишна возраст, а идејата да го продава мебелот расклопен, а со тоа и по пониска цена, го направи еден од најбогатите луѓе на светот.
Ингвар Кампрад, основачот на IKEA, ќе остане запомнет како милијардерот кој буквално почнал од нула.
Роден во сиромашно семејство, но опкружен со многу љубов и поддршка, Ингвар успеал да ја создаде најпознатата и најголемата продавница за мебел во светот.
На денот на неговата смрт во 2018 година, богатството на Ингвар се проценуваше на три и пол милијарди долари, а сè започнало кога на само 5-годишна возраст, тој почнал да продава кибрит за колку-толку да му помогне на семејството.
Неколку детали од животот на инспиративниот милијардер:
Потекнува од сиромашно, но вредно семејство
Родителите на татко му на Ингвар купиле фарма во Шведска во 1894 година. Но, само три години подоцна, биле во толку неповолна положба, што дедото на Ингвар извршил самоубиство.
Баба му, која била мошне вредна жена, не сакала да се откаже од фармата, па самата продолжила да ја води и да се грижи за нејзините три деца, вклучувајќи го и татко му на Ингвар.
Ингвар се родил токму на таа фарма. Иако не живееле во беда, сепак имале скромен живот и Ингвар самиот забележал дека секогаш им фалеле пари.
Првиот бизнис го почнал на 5-годишна возраст
Уште додека бил дете, Ингвар барал начин како да му помогне на семејството, а баба му го поддржувала во секоја идеја. Кога одлучил да продава кибрит, баба му била неговиот прв муштерија.
По некое време, Ингвар, кој сакал риболов, сфатил дека на соседите покрај кибрит, може да им продава и риби.
Но, бидејќи не можел да купи поголема рибарска мрежа, се договорил со татко му тој да му ја купи, а Ингвар да му дава дел од профитот.
Потоа Ингвар почнал да продава и семиња и пенкала, па по некое време заработил доволно пари за да си купи велосипед и машина за пишување.
Велосипедот му помогнал да го прошири својот бизнис во околните села, додека со машината за пишување почнал да си води евиденција за своите муштерии.
Во средно муштерии му биле соучениците
Ингвар престојувал во интернат додека одел во средно, и овде си го продолжил својот мал бизнис.
Под креветот, во кутија секогаш чувал колани, паричници, часовници и пенкала кои им ги продавал на соучениците и заработувал за себе.
Идејата за IKEA ја добил во тинејџерските години
Ингвар самиот има изјавено дека уште во раните тинејџерски години не му било јасно зошто некои продукти се многу скапи, иако нивното производство не чини многу.
Тој ги споредувал набавните цени и цените во продавниците и забележал дека некогаш разликата е огромна. И, тогаш сфатил дека многу голем трошок е дистрибуцијата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





