Бил опседнат со смртта, на 28 години загина на филмски сет – Факти за Брендон, синот на Брус Ли
Во последните денови од снимањето на The Crow, Брендон Ли беше застрелан на филмскиот сет. Синот на Брус Ли трагично загина на само 28 години.
Брус Ли, познатиот актер и експерт за боречки вештини, доби две деца со сопругата Линда Ли – синот Брендон и ќерката Шенон.
Денес Шенон има 55 години и, исто како татко ѝ, е експерт за боречки вештини.
Брендон, од друга страна, кој исто како татко му почна да гради актерска кариера, го изгуби животот прерано, на само 28 години.
Во продолжение, неколку детали за животот на Брендон и неговата трагична смрт:
Живеел во сенката на татко му
Своевремено, Брус Ли беше една од најпознатите личности на планетата. На некој начин, тој ги прослави филмовите со борење и остави голем белег во филмската индустрија.
Актерот почина на само 32-годишна возраст, кога син му Брендон имал едвај осум години.
Иронично, ненадејната смрт само како дополнително да го прослави актерот и за него се зборува до денес.
Па, кога Брендон самиот сакал да почне да гради кариера како актер, никако не можел да илезе од сенката на татко му.
Од една страна, Брендон го гледал татко му како идол, но од друга, се чувствувал како да мора да се натпреварува со него.
Во Холивуд сите го знаеле само како „сино на Брус Ли“ и му било тешко да се истакне со своето име.
Бил опседнат со смртта
Веројатно поради фактот што го изгубил татко му на толку рана возраст, извори кои биле блиски до Брендон велат дека тој бил опседнат со смртта.
Постојано читал за ѕвезди кои трагично го изгубиле животот на рана возраст – исто како татко му.
Покрај тоа, имал и снимка од погребот на Брус Ли и честопати ја гледал.
Наводно, Брендон честопати кажувал дека ќе умре млад, дури и помлад од татко му, а неретко и си го ризикувал животот возејќи несовесно со неговиот мотор.
Некои извори тврдат и дека поседувал мртовечки автомобил, но ова не е потврдено.
Ги мразел стереотипите со кои се соочувал
Факт е дека постарите холивудски филмови содржат (поголема) доза расизам и луѓето од други култури се прикажани дури и како карикатури.
На Брендон не му се допаѓало тоа што филмските продуценти му давале улоги врз основа на неговото азиско потекло.
Односно, го барале за филмови со боречки вештини и ништо друго – исто како татко му.
Брендон сакал да се ослободи од овој стереотип и да покаже дека е квалитетен актер.
Истовремено, се надевал дека со доволно труд, ќе го ослободи Холивуд од навредливите ликови.
Улогата во The Crow требала да му го промени животот
Брендон добил можност да се покаже во друго светло со улогата во филмот The Crow.
Работата на The Crow почнала во период кога филмовите со суперхерои бил гледани како комични. Но, Брендон сметал дека приказната е доволно длабока и мрачна за да го промени ова мислење.
Истовремено, ја гледал улогата како можност да се докаже и да биде фатен сериозно.
Но, ова е и улогата што го чинеше живот – тој беше застрелан на филмскиот сет.