Го натера чичкото на Елизабета да се откаже од тронот, наводно била нацистички шпион: Скандалите на Волис Симпсон
Наводно почнала афера со Едвард додека уште била во брак
Според гласините, Волис и Едвард се запознале преку заеднички пријатели.
И, наводно ја почнале аферата во 1934-та, додека Волис уште била во брак со вториот сопруг.
Откако почнала да се гледа со кралот, Волис се разделила од сопругот.
Го финализирале разводот во 1937-ма – истата година кога Едвард се откажал од тронот.
Имала многу афери, а еднаш и абортирала
Се верува дека Волис им била неверна на сите сопрузи, вклучувајќи го и кралот Едвард.
А, можеби најпозната е нејзината афера со зетот на Бенито Мусолини.
Таа го запознала кога живеела во Кина и била во брак со првиот сопруг.
Од аферата останала бремена и абортирала.
Но, процедурата не била изведена соодветно, па Волис потоа не можела да има деца.
Постоеле гласини дека е нацистички шпион
За кралот Едвард е познато дека бил симпатизер на нацистите и честопати се дружел со членови на нацистичката партија.
За Волис, пак, се верувало дека била и шпион за нацистите.
Овие шпекулации само се засилиле кога во доцните 1930-ти, заедно со Едвард се сретнале со Адолф Хитлер во Германија.
Едвард и Волис имале многу пријатели нацисти, но сепак нема цврсти докази дека Волис навистина била шпион.
Бројни скандали во Кина
Постојат многу шпекулации за тоа што правела Волис додека живеела сама во Кина.
Покрај аферата со зетот на Мусолини, наводно овде учела посебни техники за заведување, кои подоцна ги искористила на кралот Едвард бидејќи била очајна да стане кралица.
Постојат и гласини дека се фотографирала гола, но засега не се најдени вакви фотографии.
Спирова С. | Црнобело