Интересни факти за човечкото тело

Дали сте знаеле дека човечките коски се силни исто како и бетонски блок? Или дека тестисите произведуваат 10 милиони нови сперматозоиди секој ден?

 interesni-fakti-za-coveckoto-telo-sp-1739020249-001_copy.jpg

Време е да дознаеме нешто повеќе за нашето тело.

Не, не е час по биологија или анатомија, само неколку интересни факти.

1. Дигестивните киселини во стомакот се доволно силни да растопат цинк. За наша среќа, клетките во стомачната постава се обновуваат толку брзо што киселините немаат време да го растопат стомакот.

2. Белите дробови содржат над 300.000 милиони капилари (мали крвни садови). Ако тие беа поставени крај до крај, тие би биле 2.400km.

3. Човечките тестиси произведуваат 10 милиони нови сперматозоиди секој ден - доволно да може да ја пре-населат целата планета во само 6 месеци!

4. Човечката коска е силна како гранит во поддршката на тежина. Блок од коска со големина на кутивче од кибрит може да поддржи тежина од 9 тони - тоа е четири пати повеќе од бетонот што може да поддржи.

5. За да порасне секој прст заедно со ноктот од корен до врв требаат шест месеци.

6. Најголемиот орган во телото е кожата. Кај возрасен човек опфаќа околу 1.9 метри квадратни. Кожата постојано се обновува и при тоа секој човек во својот животен век фрла околу 18 килограми од кожата.

7. Кога спиеме, ние растеме за околу 8 милиметри. Следниот ден се намалуваме назад кон нашата поранешна висина. Причината е што нашите 'рскавични дискови се стискаат како сунѓери по сила на гравитација кога ќе се застане, или се седи.

8. Просечен човек на Запад јаде 50 тони храна и пие 50.000 литри течност за време на неговиот живот.

9. Секој бубрег содржи 1 милион индивидуални филтри. Тие филтрираат во просек од околу 1,3 литри крв во минута и исфрлаат дневно до 1,4 литри урина.

10. Мускулите за фокусирање на очите се движат околу 100.000 пати на ден. Да го дадете истиот тренинг  на мускулите на вашите нозете, ќе треба да пешачите 80 километри секој ден.

11. Во 30 минути, просечното тело оддава доволно топлина (комбинирано) да зоврие половина тон вода.

12. На една човечка крвна клетка и се потребни само 60 секунди да направи комплетна циркулација во телото.

13. На кожичката, со големина на поштенска марка, од обрежаните бебиња и треба само 21 дена да порасне во кожа која може да покрие три (3) кошаркарски игралишта. Неверојатно, нели? Благодарение на науката. Лабораторијата што се занимава со одгледување кожа, ја користи истата во лекувањето на пациентите со изгореници.

14. Очите примаат околу 90% од сите информации, правејќи нè во основа визуелни суштества.

15. Женските јајници содржат речиси половина милион јајце клетки, сепак, само околу 400 некогаш ќе добијат можност да создадат нов живот.

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg