Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон
Морал да си го промени телефонскиот број поради фановите
Несвесен за последиците, кога почнал да се прославува, Зек Ефрон уште го имал наведено својот телефонски број онлајн.
Па, за фановите било мошне лесно да го пронајдат.
Актерот почнал да добива безброј повици и пораки дневно, па на крај морал да си го промени бројот.
Има 4-годишна полусестра
36-годишниот актер има сестра која е 32 години помала од него.
Сестричката Оливија е ќерка која татко му ја добил во вториот брак.
Родителите на актерот се развеле по околу три децении заедно, но не е позната причината.
И самиот актер е по малку таинствен во врска со семејството, но од фотките на Инстаграм се гледа дека минува многу време со сестра му Оливија.
Изгледа поразлично бидејќи ја скршил вилицата
Повеќе од очигледно е дека лицето на Зек Ефрон е многу поразлично.
Кога се појави со „новото лице“, почнаа да се јавуваат секакви шпекулации, а актерот откри што се случило во 2022-ра.
Во интервју, тој соопшти дека имал сериозна повреда на вилицата, и тоа двапати.
Најпрво, во 2013-та, актерот паднал и ја скршил вилицата по што му била направена операција.
Потоа, пред околу пет години, тој трчал низ дома, се лизнал и кога паднал силно си ја удрил вилицата од голема декорација.
Ударот бил толку силен, што тој изгубил свест, а кога се разбудил, вели дека вилицата „му висела од лицето“.
По ова, одел на физикална терапија за да се врати во нормала, но морал да престане поради снимање.
А, бидејќи не ја довршил терапијата, дел од мускулите почнале да му се зголемуваат бидејќи останатите не биле функционални поради повредата.
Односно, му се зголемиле мускулите кои го контролираат џвакањето, па затоа неговото лице изгледа пошироко во долниот дел.
Спирова С. | Црнобело