Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон
Иако изгледа како да направил пластична операција, промените во изгледот на Зек Ефрон се поради сериозни повреди на вилицата. Има 4-годишна полусестра со која е многу близок. Што знаеме за тинејџерската ѕвезда Зек Ефрон?
Веројатно нема девојка која не беше вљубена во Зек Ефрон во 2000-тите.
Актерот се прослави со мјузиклот High School Musical кој имаше неколку продолженија, а со колешката Ванеса Хаџенс своевремено беа омилениот тинејџерски пар.
Оттогаш, актерот почна да добива посериозни улоги, а за последната во The Iron Claw доби многу добри критики.
Веројатно сте забележале и дека има огромна промена во физичкиот изглед на актерот, односно неговото лице, а наводно тоа не е од пластична операција.
Неколку факти за Зек Ефрон:
Не пее во првиот High School Musical
Ако сте биле огромен фан на филмовите, сигурно сте забележале дека гласот со којшто пее ликот на Зек е многу поразличен во првиот филм.
Причината за ова е тоа што актерот воопшто не пее во првиот филм.
Актерот самиот има изјавено дека ни самиот не знае зошто не му дозволувале да пее во првиот филм.
Во 2013-та беше на рехабилитација
Во периодот кога беше најголема (тинејџерска) ѕвезда, актерот почнал постојано да оди на забави.
Пиел многу алкохол, а почнал и да користи дрога скоро секојдневно и ситуацијата се влошила до тој степен, што почнал да пропушта снимања.
Па, во 2013-та одлучил да помине пет месеца на рехабилитација.
Наводно, оттогаш актерот намалил со забавите и веќе нема проблеми со пороци.
Жали што не завршил факултет
Зек Ефрон ја добил првата улога на само 11 години, а во детството се појавувал во популарни серии како Firefly и ER.
Тој беше само тинејџер кога ја доби улогата во High School Musical, а бидејќи кариерата му тргна во нагорна линија, немал можност да се запише на факултет.
Всушност, тој аплицирал и бил прифатен, но одлучил да се посвети на глумата.
Подоцна самиот изјави дека во животот, најмногу жалел за тоа што не отишол на факултет.