Си ја предвидел смртта, почина на само 43 години: Се сеќавате ли на Џон Кенди?
Актерот не поднесувал шеги на сметка на неговиот изглед.
Еднаш дури и си замина од доделување на награди бидејќи водителот се пошегува дека актерот бил „најголемата ѕвезда што можеле да ја најдат“ алудирајќи на неговиот изглед.
Дел од најпознатите филмови на Кенди се Home Alone, Uncle Buck, Planes Trains and Automobiles и National Lampoon’s Vacation.
Истовремено, тој одбил улоги во бројни филмови кои денес се сметаат за култни, вклучувајќи го и Ghostbusters.
Кетрин О’Хара, неговата колешка од Home Alone, му била најдобра пријателка.
Всушност, тие имаат соработувано на неколку проекти, а Кетрин честопати има зборувано за тоа колку забавно било секое снимање со него.
Актерот почина на 43-годишна возраст од инфаркт, а најморничаво е што се верува дека си ја предвидел смртта.
Според Кетрин О’Хара, непосредно пред смртта, актерот бил во Мексико за да снима филм. Додека патувал, ѝ се јавил на актерката и ѝ рекол дека има претчувство дека ќе се случи нешто лошо.
И, починал во Мексико додека спиел. Се претпоставува дека имал инфаркт, но не била направена аутопсија за да се потврди ова.
Покрај семејната историја со проблеми со срцето и вишокот килограми, Кенди пиел многу, а и бил страстен пушач, особено во последните месеци од животот.
Истовремено, бил изложен на многу стрес додека работел на последниот филм, па се верува дека сето ова придонело за неговата смрт.
На погребот на Џон Кенди присуствуваа дел од најголемите холивудски ѕвезди од тој период, вклучувајќи ги Том Хенкс, Бил Муреј и Кетрин О’Хара.
Погребан е во Лос Анџелес, а бидејќи потекнува од Канада, на локалните телевизии се емитувал документарец за неговата кариера кој го следеле милиони гледачи.
По неговата смрт, семејството на актерот откри дека им се случило нешто мошне чудно ноќта кога починал.
Покрај тоа што практично си ја предвидел смртта, но и починал на денот кога завршил со снимањето на својот последен филм, во неговиот дом во Америка имало необичен случај.
Пред да замине во Мексико, актерот му подарил на семејството големо парче аметист.
На денот на неговата смрт, кристалот се скршил сам од себе.
Подоцна неговите деца изјавија дека мајка им била убедена дека тоа бил последен поздрав од актерот.
Спирова С. | Црнобело