10 интересни факти за Охрид: Тајната за изработката на охридскиот бисер дошла од Русија, ја знаат само две семејства

Охрид – колевка на писменоста и дом на првиот словенски универзитет

Покрај непроценливата природна убавина, вредноста на македонскиот бисер е и во неговата улога како жариште на македонските писменост и култура.

Климент Охридски во 886 година ја формирал Охридската книжевна школа. Подоцна му се придружил и Наум.

Во најстарата средновековна македонска книжевна школа се подготвувал образовен кадар кој бил испраќан во учителска, проповедничка и свештеничка дејност во сите делови на Македонија и пошироко.

По смртта на Свети Климент и Свети Наум книжевната школа ја продолжиле нивните ученици.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-07.jpg

Охридскиот бисер – тајна на две фамилии

Охрид е надалеку прочуен по своите бели бисери. Низ охридската чаршија и денес ќе чуете разни приказни за тоа како настанал, а начинот на кој се изработува е тајна која се чува скоро еден век.

Една од легендите вели дека само две фамилии знаат како се изработува оригиналниот охридски бисер, кој рачно се изработува, а тајната ја знаат семејствата Талеви и Филеви.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-06.jpg

Легендата гласи дека во далечната 1928 година, во Охрид, синот на Никола Филев, угостител и сопственик на кафеаната „Велика Србија“, Михајло Филев, во ресторанот се запознава со еден таинствен гостин, Јован Субанович.

Тој дошол како иселеник од далечната Русија, на Балканот, сосема случајно, токму во Охрид.

Останувајќи тука подолго време, помеѓу Јован и Михајло се создало големо пријателство.

Па така шетајќи по бреговите на Охридското Езеро и разговарајќи на многу теми и животни приказни, ги здогледале рибарите, кои биле воедно и стриковци на Михајло Филев.

Тие носеле кошеви со рибата плашица. После таа глетка во рибите, Јован веќе сфатил дека таа тајна што ја носи со себе од Русија, поточно од Бајкалското Езеро, може да ја открие тука.

А таа тајна била во рибата плашица која е ендемска форма од чии крлушки на кожата може да се направи бисер.

Па така, во знак на големото пријателство, Јован го запознал Михалјо со таинствената техника за изработка на бисери.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-09.jpg

Потоа, семејството Филеви започнува со изработка на бисери, пренесувајќи ја семејната тајна од колено на колено, од татко на син.

Основата на бисерот е школка, односно срцевината на школката која се гребе и од неа се изработуваат најразлични форми од кои најчесто топче и солза.

Потоа се земаат крлушките на рибата плашица, и од нив се прави емулзија која се нанесува врз основата.

Емулзијата е најспецифичниот дел од изработката на бисерот и таа се нанесува со четка од природен материјал, најчесто од влакна од опашката на верверица.

Охридскиот бисер е познат во светски рамки по својата убавина и оригиналност.

Многу познати дами, меѓу кои принцезата Дајана и британската кралица Елизабета, кралиците на Данска и Холандија го имаат бисерот во своите кутии со накит.

Покрај бисерите, Охрид е познат и по филигранот, рачно изработен накит од сребрени нишки.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-10.jpg

Охрид е ризница на здравјето

Убавината и вредноста на Охрид не е само во природните и културните богатства, туку и во неговата клима и температура кои имаат благотворно влијание за пациенти од различни болести.

Проучувањето на медицинските експерти потврдило дека на бреговите на Охридското Езеро постојат одлични услови за развој на здравствениот туризам.

Релативно нискиот атмосферски притисок, големиот број сончеви денови, поволното струење на воздухот, благите промени на температурата од едно во друго годишно време и многу други климатски погодности на охридското крајбрежје се вистинска Ризница на здравјето.

Според лекарите, на брегот на Охрид, има идеална клима за лекување на кардиоваскуларни болести, особено за постинфарктен третман.

Ладната езерска вода е мошне корисна за лекување на проширени вени.

Лекарите ги советуваат постарите пациенти за користење престој кај манастирот Свети Наум и кај селата Љубаништа и Трпејца.

Ова подрачје крај бреговите на Охридското Езеро е идеално за климатотерапија.

Поради близината на планината Галичица која се наоѓа помеѓу Охридското Езеро и Преспанското Езеро, езерската клима е корисна за анемични лица.

Надморската височина и чистиот воздух го поттикнуваат создавањето на црвените клетки.

Климатските услови во Охридскиот регион благотворно влијаат врз заболените од астма и ревматизам и го забрзуваат процесот на нивното лекување. Водите на Охридското Езеро благотворно делуваат и за лекување детска парализа.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-12.jpg

Охридски традиционални и уникатни специјалитети

Охридската рибја чорба и макалото со лук се едни од најбараните специјалитети, но Охрид има своја богата кујна со традиционални деликатеси кои се поретко се наоѓаат на менијата на рестораните.

Охридско ѓомлезе, тресена пастрмка, јагула печена во пепел, охридски чомлек и охридска торта, се само мал дел од традиционалните јадења кои по уникатен рецепт се подготвуваат само во Охрид.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-18.jpg

Охридскиот Чинар – споменик на природата

Охридскиот Чинар е еден од најстарите и најголемите дрва во Охрид. Покрај тоа што е една од главните знаменитости на градот, Чинарот е прогласен за споменик на природата на Македонија.

Чинарот е сместен е на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“, во центарот на чаршијата.

Според локалците, чинарот е засаден од Климент Охридски во IX – X век. Според други легенди, чинарот е засаден околу XV век.

Охрид е познат и како Балкански Ерусалим, бидејќи има 365 цркви, по една за секој ден, а за заштитник на градот се смета Свети Климент Чудотворецот.

Охрид е мал град, полн со чуда на природата, сведоштва за богатата македонска историја и култура.

Следниот пат кога со кајче ќе пловите низ езерото, сетете на ендемските видови во него, а место пица и скара, порачајте си ѓомлезе и јагула печена на пепел, вкусете го Охрид додека уживате во сета негова рајска убавина.

tajnata-za-izrabotkata-na-ohridskiot-biser-doshla-od-rusija-ja-znaat-samo-dve-semejstva-interesni-fakti-za-ohrid-16.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com 



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg