На прв состанок паровите одат во кревет, забрането им е да носат мустаќи – Интересни факти за секојдневието на Амишите
Ако некој озборува, може да биде исклучен од заедницата... Забрането е да се фотографираат, а на првите состаноци паровите најчесто се во кревет – интересни факти за секојдневниот живот на Амишите што сигурно не сте ги знаеле.
Амишите се заедница во САД, која се разликува од модерниот свет по тоа што не користат модерни средства како струја, мобилни телефони и интернет. Според нив, Земјата треба да остане што е можно поблиску до првобитната форма во којашто ја креирал Бог и затоа не ја прифаќаат модерна технологија.
Се знае дека на мажите не им е дозволено да се бричат и ја оставаат брадата долга откако ќе стапат во брак, но малкумина знаат дека и жените исто така не се бричат.
Амишите не носат мустаќи затоа што во 18-тиот век, кога тие се преселиле од Европа во САД, мустаќите биле симбол на богатство.
Тие во секојдневниот живот користат 3 јазици: англиски за комуникација со луѓето надвор од заедницата, германски кој е службен јазик и холандски со пенсилвански нагласок за домашна комуникација.
На возраст од 14 до 18 години, на младите им е дозволено да живеат надвор од заедницата и да експериментираат со модерниот живот за да одлучат дали сакаат да се вратат и да живеат таму или, пак, не.
Некои се враќаат по една недела, а други, пак, излегуваат и не се враќаат никогаш.
Иако се верува дека нивните бракови се договорени, тоа воопшто не е така. Паровите прво се запознаваат со пријатели, а потоа одат на интимен состанок.
За време на интимните состаноци, дечкото и девојката одат во кревет, но мора вечерта да ја поминат облечени со штица меѓу нив двајца.
Ако одлучат да се венчаат, мора да добијат благослов од црквата и потоа да ги објават убавите вести во градот.
Најголем број од свадбите се одржуваат во ноември, затоа што најчесто тогаш е завршена сезоната со земјоделските работи.
Слично како и во другите делови на САД, и во заедницата на Амишите постои правило дека не смеат да управуваат со возила додека се под дејство на алкохол, па така ако некој биде фатен како управува со запрежна кочија додека е под дејство на алкохол, може да се соочи со казна.
Амишите имаат посебен правен систем познат како Ordnung, односно листата правила која го регулира нивниот секојдневен живот.
Овие правила се непишани и се пренесуваат од колено на колено, а ако некој ги прекрши, следуваат најостри казни.