Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата на Елизабета
Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерувал и со мажи, и со жени, а поради лошите животни навики, ѝ бил отстранет белиот дроб. И покрај тоа што била принцеза, животот на Маргарет, сестрата на кралицата Елизабета, бил исполнет со трагедии.
Принцезата Маргарет е помладата и единствена сестра на кралицата Елизабета Втора.
За разлика од сестра ѝ, животот на Маргарет беше исполнет со скандали, но и многу трагедии.
Маргарет немала среќа во љубовта, а пушењето и редовното консумирање алкохол и секакви лекови, на некој начин, ја чинело живот. Таа починала во 2002 година на 71-годишна возраст, по мозочен удар.
Неколку факти за бунтовната принцеза Маргарет:
Родена е на 21 август 1930 година во Шкотска
Кога Маргарет имала пет години, нејзиниот чичко – Едвард VIII – стана крал на Англија, но набрзо се откажа од тронот за да се венча со Волис Симпсон.
По ова, на тронот седна нејзиниот татко, кралот Џорџ VI. Со ова, сестра ѝ Елизабета стана првата наследничка на тронот, а Маргарет – втората.
Немала соодветно образование и од мала била бунтовна
И покрај тоа што како членови на кралското семејство имале пристап до најдоброто образование, мајката на Маргарет не сакала таа и Елизабета да трошат време на учење.
Таа сакала нејзините ќерки да бидат „учтиви млади девојки“, па Маргарет всушност не добила соодветно образование.
Од друга страна, татко ѝ ја разгалувал, а ова ѝ дало можност на Маргарет да ја покаже својата бунтовна страна уште во детството.
Била најубава девојка од кралското семејство
Маргарет честопати ја засенувала сестра ѝ Елизабета и со динамичниот карактер, но и со изгледот.
Ја сметале за најубавата жена од кралското семејство, била модна икона и станала препознатлива по сините очи и тенката половина, која наводно имала обем од 45 сантиметри.
Кралицата не ѝ дозволи да се венча со љубовта на нејзиниот живот
Маргарет имаше афера со Питер Таунсенд – британски офицер кој беше 15 години постар од неа.
Питер се разведе од сопругата со надеж дека ќе биде со Маргарет.
Тој ја побара за жена во 1953-та, кога Маргарет имаше 23 години.
Но, Елизабета не го одобри нивниот брак и тие беа присилени да се разделат.
Се венча со фотограф
Во 1958 година, Маргарет го запозна фотографот Ентони Армстронг-Џонс.
Веќе следната година, тој ја побара за жена и се венчаа во 1960-та.
Бајковитата венчавка беше главна тема на зборување во Англија, но на настанот не присуствуваа владетели од други монархии бидејќи не одобрувале принцеза да се венча со „обичен фотограф“.