Детали од животот на Пауло Коелјо: Родителите го сместиле во институција за душевно болни затоа што сакал да биде писател

На 17 години родителите го однеле во институција за душевно болни затоа што сакал да биде писател, тогашната бразилска милиција го измачувала со електрошокови во гениталиите и вели дека тоа му е најтрауматичното искуство во животот – факти за Пауло Коелјо, еден од најпознатите писатели на денешницата.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-01.jpg

„Алхемичарот“, „Захир“, „Единаесет минути“... Ова се само мал дел од романите на бразилскиот писател Пауло Колејо (75) кој важи за еден од најпродаваните автори на сите времиња, а неговата животна приказна е фасцинантна како и оние на ликовите за коишто тој пишува.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-02.jpg

Во продолжение неколку интересни факти за писателот што можеби не сте ги знаеле:

Пауло Коелјо е роден на 24-ти август 1947-ма година во Рио де Жанеиро, во Бразил, а како дете се образувал во строго, религиозно језуитско училиште.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-03.jpg

Уште од најмала возраст Пауло сакал да биде писател, а мајка му, кога слушнала за овие негови амбиции, му рекла:

„Мило мое, татко ти е инженер. Тој е логичен, разумен човек со многу јасен поглед кон светот. Јасно ли ти е што значи да бидеш писател?“

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-11.jpg

Неговите родители биле подготвени да направат сѐ за младиот Пауло да не ги оствари своите амбиции, па така кога имал 17 години, одлучиле да го сместат во институција за душевно болни за да го оттргнат од помислата да стане писател.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-04.jpg

Младиот Пауло трипати се обидел да побегне од Институцијата, но не носи гнев и горчина за тоа што му го правеле родителите. Напротив, во една прилика отворено застана во нивна одбрана, па рече:

„Моите родители мислеа дека имам психоза. Тоа беше и официјалната дијагноза. Во тој период читав многу, бев многу срамежлив и не сакав премногу да се дружам со луѓе.

Моите родители беа очајни. Тие не сакаа да ме повредат, но не знаеја што треба да направат.

Јас им простив. Тие не го направија тоа за да ме уништат, туку за да ме спасат. Како што вообичаено се случува во љубовта, кога сакаш некого, посакуваш таа личност да се промени, да биде како тебе. Затоа љубовта може да биде многу деструктивна.“

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-09.jpg

По излегувањето од Институцијата, Коелјо на барање на родителите, се запишал на Правен факултет, но се откажал за да му се придружи на хипи движењето, по што неколку години пишувал текстови за познат бразилски рок изведувач.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg